Дали „остаревте“ на Facebook? Бесплатно им ги дадовте податоците на Русите!

Во последно време сигурно имате забележано на „Facebook“, „Instagram“ и „Twitter“ многу од вашите пријатели, познаници, но и познати личности на начин кој досега ги немате видено – значително постари.

Апликацијата „Face App“ започна нов вирален тренд на Интернет, така што ве повикува да вметнете фотографија со вашето лице и да го транформирате со помош на само едно кликнување.

Вашите податоци може да завршат во Русија

Иако забавата се чини целосно безопасна, адвокатката Елизабет Потс Вејнштајн, на „Twitter“ предупреди за спорните услови за користење кои „Face App“ ги дозволува за „трајна, неотповиклива, бесплатна и на ниво на целиот свет“ дозвола за „користење, репродукција, модифицирање, адаптирање на објава, преведување и создавање на други дела“ од вашата содржина.

– Доколку ја користите „Face App“ имате дадено дозвола да се користат вашите фотографии и името за било која цел, вклучувајќи и комерцијални цели (на пример, на плакат или на интернет оглас)“ – напиша адвокатката на „Twitter“.

Таа откри дека зад апликацијата „Face App“ стои компанија од Русија.

– Пишува дека вашите податоци може да се пренесат на секоја локација каде што имаат нивна подружница. Што значи во Русија – додава Вејнштајн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот