Дали новиот филм „Extraction“ ќе биде меѓу најгледаните филмови на „Netflix“ за 2020 година?

Instagram
Instagram

Обожавателите велат дека е јасно дека „Netflix“ сака да го „претвори“ ликот Тајлер Рејк кој е во улога на актерот Крис Хемсворт (37), во блокбастер икона како Џон Вик и Џејсон Барн, а судејќи според популарноста на филмот „Extraction“, големи се шансите дека тоа и ќе се случи.

Instagram
Instagram

Од компанијата „Netflix“ соопштуваат дека предвидуваат дека филмот ќе има повеќе од 90 милиони прегледи во текот на првите четири недели од неговата премиера, што ќе го направи најгледаниот оригинален филм на овој стримиг сервис.

Иако ваквите предвидувања претходно беа многу успешни и точни, американските медиуми наведуваат дека „Netflix“ моментално калкулира со информации што ги имаат само десет дена. А токму толку денови поминаа од моментот кога филмот се појави на платформата.

Instagram
Instagram

Филмот „Еxtraction“ е дело на режисерот Сем Харгрејв а во јавноста веќе се шпекулира дека филмот „сигурно ќе има повеќе продолженија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот