Дали навистина имаме „победник“: Зошто не треба да ги споредуваме државите кои се борат против коронавирусот?

Фото: EPA-EFE/JEROME FAVRE

Секој сака да знае колку добро неговата земја се бори со коронавирусот во споредба со другите држави. Меѓутоа, треба да бидете сигурни дека споредувате исти работи.

САД, на пример, имаат најголем број на починати од коронавирус од било која земја на светот, на 20 април тој број премина 40.000.

Меѓутоа, САД имаат популација од 330 милиони луѓе.

Медицински сестри вчера протестираа пред Белата Куќа барајќи поголема заштита при работа / 21 април 2020, Вашингтон, САД / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Ако ги земете петте најголеми земји во западна Европа – Велика Британија, Германија, Франција, Италија и Шпанија – вкупниот број на жители во овие земји е околу 320 милиони.

Вкупниот број на починати од коронавирусот во овие пет земји до 20 април бил над 85.000 – речиси двојно во однос на САД, пренесува Би-Би-Си.

За споредбите да бидат корисни, според зборовите на Ровланд Као, професор по наука за податоците на Универзитетот во Единбург, постојат две големи прашања:

  • Дали основните податоци значат иста работа?
  • И има ли смисла да се споредуваат два броја ако епидемиологијата (сите други фактори кои го опкружуваат ширењето на болеста) е различна? – прашува тој.

Броење на смртни случаи

За почеток, постои разлика во тоа како земјите ги бројат смртните случаи од коронавирус.

Париз / март 2020 / Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Франција, на пример, ги вклучува смртните случаи во домовите за нега во броевите кои ги пренесува секој ден, но дневните бројки за Англија вкучуваат само смртни случаи во болниците.

Така што не постои прифатен меѓународен стандард за мерење на смртни случаи или нивни примероци.

Стапка на смртност

Голем фокус има стапката на смртност, но постојат различни начини за нејзино мерење.

Еден е однос на смртни и потврдени случаи – од сите луѓе кои се тестирани позитивни на коронавирус, колку од нив умираат?

Но различни земји тестираат на многу различни начини. Велика Британија во главно тестирала луѓе кои се доволно болни да би биле примени во болница. Тоа може да направи да изгледа дека стапката на смртност е многу поголема во државите кои имале поширока програма на тестирање.

Лондон, В. Британија / април 2020 / Фото: ЕPA-EFE/WILL OLIVER

Што повеќе тестови направи една земја, толку повеќе ќе пронајде луѓе кои имаат коронавирус само со благи симптоми или можеби воопшто немаат симптоми.

Така што, стапката на смртност во потврдените случаи не е иста како вкупната стапка на смртност.

Другото мерење е колку смртни случаи има во споредба со бројката на жители на една земја – на пример бројот на смртни случаи на милион луѓе.

Владата на Велика Британија споредува каква е состојбата во секоја земја откако забележила 50 смртни случаи, но дури и тука постои проблем.

Лондон, В. Британија / април 2020 / Фото: ЕPA-EFE/WILL OLIVER

Земјите кои подоцна дошле до 50 смртни случаи имале повеќе време да се спремат за вирусот и да го намалат можниот број на смртни случаи.

За време на проучувањето на овие споредби, исто така е вредно да се запамти дека голем број од луѓето кои се заразуваат со коронавирусот, потоа се излекувани.

Политички фактори

Тешко е да се верува на податоците кои доаѓаат од земјите со строго контролирани политички системи.

Дали е точен бројот на смртни случаи забележан во земјите како Кина или Иран? Ние тоа не можеме да го знаеме.

Вухан, Кина / април 2020 / Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Бројот на смртни случаи на милион жители во Кина е исклучително низок, дури и откако е ревидиран бројот на смртни случаи во Вухан за 50%.

Фактори на популација

Постојат вистински разлики во бројот на жители во различни земји. Демографијата е особено важна – тоа се работи како што се просечна старост или каде живеат луѓето.

Споредбите се извршени меѓу Велика Британија и Република Ирска, но се проблематични. Ирска има многу пониска густина на жители, а многу поголем процент живее во рурални средини.

Лондон, В. Британија / април 2020 / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Ни споредбата на стапката на смртност меѓу земјите во Европа и Африка не се добри, бидејќи земјите во Африка имаат многу помлада популација. А знаеме дека постарите имаат поголем ризик да починат од коронавирусот.

Различни здравствени услуги

Од друга страна, повеќето европски земји имаат здравствени системи кои подобро се финансирани од оние во повеќето африкански земји.

А тоа има големо влијание на колку тешко коронавирусот погодил некоја земја, како и факторите на лесно прилагодување на различни култури на социјалното дистанцирање.

Здравствените системи очигледно играат пресудна улога во обидите за сузбивање на пандемијата, но не се сите исти.

Тестирање

Земјите кои имале многу тестирања на почетокот на пандемијата и ги следеле контактите на секој кој е заразен, изгледа досега се најуспешни во спречување на ширењето на болеста.

Јужна Кореја спроведува тестирање на сите аеродроми / март 2020 / Фото: EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

И Германија и Јужна Кореја имаат многу помалку смртни случаи отколку најтешко погодените земји.

Но не се сите податоци од тестирањата исти – некои земји бележат број на тестирани луѓе, додека други бележат вкупен број на извршени тестови (многу луѓе мораат да бидат тестирани повеќе од еднаш за да се добие точен резултат).

Времето на тестирање и дали тие се правени во болници или во заедници исто така е потребно да се земе во обзир.

Дрезен, Германија / април 2020 / EPA-EFE/FILIP SINGER

Германија и Јужна Кореја тестирале агресивно од почетокот и научиле многу повеќе за тоа како вирусот се ширел.

Но, Италија, која исто така правела многу тестови, претрпела голем број на смртни случаи. Италија значително ги зголеми своите капацитети за тестирање откако пандемијата веќе се прошири. Велика Британија ја прави истата работа.

Додека епидемиајта не заврши, нема да се знае со сигурност кои земји подобро се бореле со вирусот. Дури сега можеме да научиме некои лекции за понатаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот