Дали на светот му се заканува нов ЧЕРБНОБИЛ? Радиоактивен облак над Русија, Германија дели таблети со јод

Државната руска метеоролошка агенција соопшти дека открила радиоактивни изотопи на стронцијум, баријум и лантан во испитувањето на примероците по несреќата во текот на тестот на ракетниот мотор на северот од земјата.

Властите на германскиот град Ахен започнале да им делат на граѓаните бесплатни таблети со јод, затоа што старата белгиска нуклеарна електрана ја гледаат како опасно. Во исто време, државната руска метеоролошка агенција соопшти дека открила радиоактивни изотопи на стронцијум, баријум и лантан во испитувањето на примероците по несреќата во текот на тестот на ракетниот мотор на северот од земјата.

Годината (1986.) кога се случи катастрофата во Чернобил е далеку зад нас, но радиоактивноста потворно зазема прво место на насловните страни. Дали треба да стравуваме?

Во Русија облакот со радиоактивни инертни гасови настана како резултат на пропаѓање на изотопи и предизвика краток пораст на зрачењето во градот Северодвинск.

Агенцијата потсетува дека руските власти признале дека експлозијата во базата за лансирање на проектили, кога загинаа петмина, била од нуклеарен карактер.

Неодамна одредени медиуми објавија и сведоштва на руски доктори кои ги лекувале жртвите од зрачење по експлозијата на северот на Русија. Тие тврдат дека немале заштита и дека сега и тие самите стравуваат да не се озрачени.

Експертите во Русија и на Западот велат дека нивниот тест најверојатно е поврзан со новата балистичка ракета 9M730 „Буревестник“ на нуклеарен погон која НАТО ја нарекува „Скајфол“.

Шест дена по експлозијата руската метеоролошка служба Росгидромет откри дека е зголемено нивото на радијација, кое пораснало за 16 пати во однос на нормалните вредности во градот Северодвинск, кој е оддалечен околу 50 километри од местото на експлозијата.

БОНУС ВИДЕО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот