Дали мутациите ќе направат коронавирусот да стане обична настинка?

epa08338642 A molecular geneticist in protective clothing runs a test for SARS-CoV-2 coronavirus which causes the COVID-19 disease in a hospital lab in the Rhineland Region, Germany, 01 April 2020 (issued 02 April 2020). Countries around the world are taking increased measures to stem the widespread of the SARS-CoV-2 coronavirus which causes the COVID-19 disease. EPA-EFE/SASCHA STEINBACH ATTENTION: This Image is part of a PHOTO SET

Новиот бран на зарази во Кина се чини дека е поврзан со мутација на коронавирусот – но нема потреба за паника. САРС-КоВ-2 може да мутира и да почне да предизвикува една обична форма на ринитис – позната и како течење нос, вели Дојче веле.

Она што го прави развојот на успешна вакцина или лек против новиот коронавирус толку тежок е фактот дека вирусот постојано се менува со текот на времето. По шест месеци пандемија истражувачите низ целиот свет веќе имаат регистрирано 100 различни варијанти на САРС-КоВ-2.

Ова е нормално, бидејќи генетскиот материјал на вирусите постепено мутира, создавајќи нови поттипови. Овие мутации може да ги променат и карактеристиките на вирусот и да предизвикаат оригиналниот вирус или да ослабне или да стане поагресивен.

Овие различни варијанти објаснуваат и зошто еден вирус може да предизвика бранови на зараза со различна сериозност во одредени региони во светот и зошто инфекциите може да напредуваат многу различно кај различни луѓе.

Здравствени работници земаат брисови во Пекинг / Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Страв од втор бран во Кина

Кина, земјата каде што почна пандемијата, главно успеа да го стави под контрола ширењето на САРС-КоВ-2 со строги забрани на движење. Во изминатите неколку недели речиси сите новозаразени беа луѓе што се вратиле од странство.

Сепак, сега, во некои провинции повторно се регистрирани нови инфекции, а овојпат тие очигледно се случиле во самата Кина.

Првичните тестови покажаа и дека низ Кина сега кружи нова варијанта на вирусот. САРС-КоВ-2 што сега е најден во Пекинг благо се разликува од типот што претходно ја погоди Кина, вели Зенг Гуан, епидемиолог во кинеската здравствена служба за Глобал тајмс. Резултатите сега треба да се споредат со анализите од други земји со цел да се открие потеклото на вирусот.

Медицинските работници земаат брисеви од работниците во фабрика во Вухан, Кина, на 15 мај 2020 година / Фото: EPA-EFE/LI KE CHINA OUT

Како доаѓа до мутациите?

За да се размножат, вирусите користат клетка-домаќин. Кога вирусите ќе заразат таква клетка-домаќин, тие во неа ги вбризгуваат своите генетски информации. Како резултат на тоа, клетките во телото размножуваат милиони копии на вирусот. Сепак, во секоја од овие репродукции се појавуваат мали грешки при копирањето. Секоја од овие грешки го менува и генетскиот код на вирусот – тој мутира.

Сè уште не е со сигурност разјаснето каде и како првпат се појавил новиот коронавирус кај луѓето. Досега, истражувачите претпоставуваа дека првите мутации се рашириле во Вухан, Кина. Протеинот со кој вирусот се прикачува на клетките веројатно мутирал кај животното-домаќин, можеби лилјак, панголин или тануки. Оваа мутација овозможила вирусот да се пренесе и во човечките клетки.

Обично, човечкото тело е способно да се заштити од вакви вируси. Тоа произведува антитела што го бранат од вакви напади на вируси и го прават имуно.

Меѓутоа, ако вирусот веќе мутирал и антителата што се создале се програмирани на некоја негова постара верзија, тогаш овие антитела се значително помалку ефикасни.

Токму затоа ние редовно повторно добиваме настинки и течења нос. Иако нашето тело веќе произвело антитела за последниот вирус, сè уште нема направено нови антитела за да се бори со новиот мутиран вирус.

Жителите на Пекинг кои живеат близу пазарот Хинфади се редат во ред за здравствените работници да им земат брисови/ Фото: EPA-EFE/STRINGER

Преку мутирање до целосно исчезнување

Мутациите дури може да предизвикаат вирусот до толку да ослаби што на крај комплетно да исчезне, како што беше случај со вирусот на тешкиот акутен респираторен синдром (САРС).

Почнувајќи од ноември 2002 година, првата пандемија на САРС за неколку недели се прошири од јужна Кина на речиси сите континенти. Како прва пандемија во 21 век, таа предизвика голем страв кај светското население. Сепак, САРС за шест месеци низ целиот свет одзеде само 774 животи.

До летото 2003 бројот на новозаразени веќе драстично се намали, а во мај 2004 СЗО прогласи крај на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот