Дали може симптомите на ковид-19 да се појават и веднаш да исчезнат?

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ако вашиот тест на коронавирус бил позитивен, а вие одеднаш се чувствувате многу подобро, но подоцна симптомите повторно се појавиле, јасно е дека ќе се запрашате дали тоа е нормално.

Она што досега се знае е дека симптомите на болеста може да слабеат или да се интензивираат во периодот на закрепнување.

Некои болести, како настинките, секогаш се развиваат очекувано: прво почнува со течење на носот, па чувство на замор, а за неколку дена се чувствувате многу подобро. Но, пациентите со ковид-19 пријавуваат дека нивните симптоми се менуваат од ден во ден, па само после една ноќ може да се чувствуваат подобро.

Во моментов се знае дека таквиот развој на настаните е нормален, како и дека многумина закрепнуваат по неколку недели од појавата на симптомите, дури и ако нивниот интензитет се менува во периодот на закрепнувањето.

Сепак, некои пациенти искусиле и хронична состојба, па симптомите им биле еднакво тешки во текот на целиот период на закрепнувањето. Некои заболени пријавиле дека им е потребна дополнителна нега и шест месеци по дијагнозата или закрепнувањето.

Ако и вашиот тест на новиот коронавирус е позитивен, или верувате дека сте болни, но не сте се тестирале и симптомите не исчезнуваат и по еден месец, мора да се обратите кај лекар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот