Дали Мета денеска ќе биде разрешен?

Илир Мета / Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Во Албанското собрание денеска започна дебатата околу разрешувањето на претседателот Илир Мета, по неговата одлука за одложување на локалните избори кои беа закажани за 30 јуни.

За разрешувањето на Мета планирано е да се дебатира пет часа. Според албанските медиуми на денешната седница 170 минути ќе дебатираат пратеници од Социјалистичката партија и 130 минути од новата опозиција.

Социјалистите веќе имаат подготвено Нацрт-резолуција што се очекува да биде изгласана кон крајот на денешниот ден, а со која одлуката на албанскиот претседател се смета за ништовна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот