Дали месото смеете да го замрзнувате повеќепати

Месо, Фото: Profimedia

Многупати досега сте се довеле во ситуација да испланирате ручек, а потоа планот да се промени во последен момент и веќе одмрзнатото месо, за да не го фрлите, повторно да го вратите во замрзнувач.

Иако тоа не е препорачливо, ако повторно се најдете во ваква ситуација, следете ги овие совети, со чија помош ќе го намалите ризикот од појава на бактерии што можат да го загрозат здравјето на целото семејство.

Веднаш штом почне одмрзнувањето на месото, почнува губењето на неговиот квалитетот. Кога повторно ќе го замрзнете, а потоа и по вторпат го одмрзнувате, тогаш во голема мера почнува развојот на штетни бактерии. Кај еднаш замрзнатото месо, а потоа и одмрзнато, комплетно се губат природните сокови. Тоа најмногу се случува со пилешкото месо. Затоа, ако неколкупати го одмрзнувате и го замрзнувате месото, немојте да очекувате да биде сочно.

Кога станува збор за одмрзнување, а потоа и за замрзнување на исто парче месо, многу важно е и на кој начин сте го одмрзнале. Доколку месото од замрзнувачот сте го префрлиле во фрижидерот и сте чекале да ја постигне посакуваната температура, ризикот од негово расипување ќе биде помал кога повторно ќе го замрзнете, а потоа и одмрзнете. Но, ако сте брзале и месото од замрзнувач сте се обиделе да го одмрзнете во микробранова, во тој случај нутриционистите препорачуваат да не го замрзнувате повторно.

Според нив, помала штета ќе направите доколку месото го фрлите отколку да го изедете и благодарение на брзиот развој на бактерии да си создадете низа здравствени проблеми.

Исто така, морате да имате на ум дека еднаш одмрзнатото, а потоа замрзнато месо, нема да можете да го чувате во замрзнувач подолго од две-три недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот