Дали Меган Маркл ќе го „позајмува“ гласот за серијата „Симпсонови“, понуда добила и Грета Тунберг?!

По откажувањето од кралските должности, принцот Хари и Меган Маркл останаа без парите што ги добиваа од кралското семејство, а дел од нив дури мораа и да вратат. Аама, ете, имало работа.

Неодамна се појави снимка на која Хари им соопштува на директорите на „Дизни“ дека Меган е подготвена да започне со актерската работа.

Фото: Принтскрин

Понуда од „Дизни“ како што стојат работите сè уште нема, меѓутоа, продуцентите на легендарните „Симпсонови“ и предложиле ангажман на поранешната актерка Меган Маркл.

Продуцентот и автор на една од омилените анимирани серии, Ал Џон, изјавил дека разговарале за ангажирање на Меган Маркл, која има понуда да позајми глас во популарната серија. И тоа да го „глуми“ гласот на Лиза Симпсон.

Продуцентите ваква понуда ѝ дале и на шведската активистка Грета Тунберг, за „позајмување“ на друг глас од серијата „Симпсонови“. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот