Дали Меган Маркл имаше афера со овој актер? Сега и тој ја кажа својата страна од приказната
Британскиот пејач, текстописец и актер, 32-годишниот Макс Џорџ, реши конечно да проговори за наводната афера која му се препишуваше со поранешната актерка, 39-годишната војвотка од Сасекс, Меган Маркл.
Иако, Макс во моментов е во среќна врска со ријалити ѕвездата Стејси Гигс, минатата година медиумите започнаа да шпекулираат дека Макс и Меган имале афера по разводот на сегашната сопруга на принцот Хари со нејзиниот прв сопруг, филмскиот продуцент Тревор Енгелс. За конечно да се стави крај на гласините, Макс сега ја раскажа својата страна на приказната.
– Не знам од каде потекнуваат овие информации. Прочитав нешто за време на викендот, но исто така прочитав и дека таа тогаш барала Англичанец за момче. Не знам зошто и го прават ова сега. Немаше ништо од моја страна – рече поранешниот член на групата „The Wanted“ за „The News“.
Макс ги демантираше гласините дека Меган му испраќала пораки во периодот кога барала англиско момче.
За потсетување, Меган го раскина првиот брак со филмски продуцент во 2013 година, по две години заеднички живот. Поранешната актерка во тоа време наводно по секоја цена сакала да има Британец за нејзиното следно момче, па преку заеднички пријатели заминала на состанок со британскиот принц Хари, кој е три години помлад од неа.
Двојката во 2018 година го крунисаа својот љубов со брак, а во мај минатата година се роди нивното прво дете, синот Арчи Харисон, со кого живеат во Америка од мај оваа година.