Дали Мбапе му намигнува на Клоп: Ливерпул е вистинска машина сезонава

Килијан Мбапе/twitter/bleacherreport

На сите добро им е позната желбата на Килијан Мбапе да заигра за Реал Мадрид, но уште еден клуб се надева дека може да го натера да заигра за нив.

Во последните неколку недели Килијан Мбапе редовно е во медиумите, шпанските пишуваат дека тој сонува да заигра за Реал Мадрид, англиските дека Ливерпул влегува во трката по францускиот напаѓач, додека француските дека Мбапе и наредната сезона ќе остане во ПСЖ, а потоа си заминува.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во неколку наврати зборуваше на оваа тема и постојано велеше дека е задоволен од ростерот кој го има на располагање, но и дека Килијан Мбапе би бил идеално засилување за неговиот тим.

twitter/liverpoolfcnews

Сега конечно се јави и Мбапе кој проговори за англиските медиуми.
– Ливерул е машина оваа сезона во Премиер лигата. Победите изгледаат многу лесно кога игра Ливерпул, но верувајте дека не е така ви реалноста. НИвната немилосрдност во реализацијата доаѓа од напорната работа и бидејќи имаат добар тренер – изјави Мбапе за анлгиски „Мирор“.

Медиумите во Англија се убедени дека доколку Клоп не успее да дојде до потписот на Мбапе, тогаш сите сили ќе ги насочи кон голгетерот на Лајпциг, Тимо Вернер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот