Дали луѓето со висок крвен притисок можат да пијат кафе?

кафе
Фото: Unsplash

Иако се верува дека кафето го зголемува крвниот притисок, не постои истражување кое потврдува дека тоа е вистина.

Експертите од Германската фондација за срце велат дека можете да пиете најмалку четири шолји дневно, дури и ако страдате од висок крвен притисок. Тие истакнуваат дека не постојат научни докази дека кофеинот е лош за хипертензија.

Кафето може накратко да го подигне крвниот притисок бидејќи кофеинот го стимулира кардиоваскуларниот систем и го забрзува отчукувањата на срцето, но тоа најчесто се случува доколку не сте навикнати на кофеин.

Покачувањето на крвниот притисок е помало кај луѓето кои редовно пијат кафе. Овој ефект се јавува по редовно пиење кафе една до две недели, се вели во соопштението на Германската фондација за срце. Ова важи и за зелениот и црниот чај, со оглед на тоа што и тие се стимуланси.

Сепак, треба да се обидете да го ограничите внесот на максимум 400 милиграми кофеин дневно доколку размислувате за здравјето на срцето. Тоа е повеќе отколку што повеќето луѓе веројатно ќе пијат – околу четири до пет шолји филтер кафе на ден.

Ако навистина планирате да го измерите вашиот крвен притисок, направете го тоа пред или околу 30 минути по пиењето кафе за да бидете сигурни дека тоа нема да влијае на вашиот крвен притисок.

Во меѓувреме, обидете се да ги избегнувате апчињата со кофеин, советува германската фондација за срце, со оглед на тоа дека тие можат негативно да влијаат на крвниот притисок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот