Дали Ливерпул би бил шампион доколку немаше ВАР? (ФОТО)

twitter/BBC Sport

Утврдено е дека најголемиот добитник благодарение на ВАР технологијата во досегашниот тек од Премиер лигата е Брајтон, а Вест како најголем губитник.

ВАР технологијата за првпат од оваа сезона се користи и во најсилната англиска фудбалска лига, од таа причина „givemesport.com“, анализира и води статистика на судиските одлуки од секое коло.

Минатата 29. рунда не беше многу „контроверзна“, победничкиот гол на Арсенал против Вест Хем беше оправдано признат после ВАР интервенција, Муса Џенепо заработи црвен картон после проверката на задоцниот старт над Хејден, додека на истиот натпревар Њукасл беше „награден“ со пенал поради играње со рака на Буфал.

Овој сајт со анализа утврди дека најголемиот добитник благодарение на ВАР технологијата во досегашниот тек од Премиер лигата е Брајтон, а најголем губитник екипата на Вест Хем.

До крајот останаа уште девет кола, Ливерпул е убедливо првопласиран, наскоро се чека само потврда на шампионската титула.

Редси имаат дури 25 бода предност и натпревар повеќе во однос на второпласираниот Манчестер сити.

Табела (доколку немаше ВАР интервенции):

1. Ливерпул – 78 бодови (наместо 82)
2. Манчестер сити – 60 (наместо 57)
3. Лестер – 51  (наместо 53)
4. Челзи – 51 (наместо 48)
5. Вулверхемптон – 48 (наместо 43)
6. Шефилд јунајтед – 42  (наместо 43)
7. Евертон – 42 (наместо 37)
8. Арсенал – 41 (наместо 40)
9. Манчестер јунајтед – 40 (наместо 45)
10. Тотенхем – 38 (наместо 41)
11. Барнли – 38 (наместо 39)
12. Кристал Палас – 38 (наместо 39)
13. Вест Хем – 34 (наместо 27)
14. Њукасл – 33 (наместо 35)
15. Саутемптон – 30 (наместо 34)
16. Ватфорд – 27 поени
17. Астон Вила – 26 (наместо 27)
18. Борнмут – 25 (наместо 27)
19. Норич -24 (наместо 21)
20. Брајтон – 22 (наместо 29)

фото: givemesport.com

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот