Дали кучињата навистина имаат шесто сетило?

Домашните миленичиња се вистинско богатство, особено кучињата. Тие ви прават друштво кога ви е потребен пријател, можат да ве орасположат кога сте осамени, но покрај овие добри особини, имаат и една чудна страна. Понекогаш се чини дека гледаат чудни работи кои луѓето не ги гледаат. Дали некогаш сте биле сами со вашиот миленик и сте забележале како одеднаш се накострешил и гледа во празно?

Иако не постојат научни докази дека кучињата можат да почувствуваат паранормални активности, психологот за животни, Марти Милер, тврди дека кучињата имаат шесто сетило. Луѓето го анализираат тоа што го чувствуваат, за разлика од кучињата. Ако почувствуваат пад на температурата тие почнуваат да се тресат, забрзано да се движат или не прават ништо, додека луѓето размислуваат зошто дошло до тој пад, колку време ќе трае и слично.

Други експерти тврдат дека тие немаат шесто сетило, туку едноставно имаат само подобар осет за мирис.

Сепак, постојат многу работи за кучињата, и генерално за животните, кои уште не се детално објаснети и ѝ оставаат простор на нашата фантазија.

Кучињата слушаат работи кои луѓето не можат да ги слушнат

Кучињата можат да слушнат посилен и подалечен звук за разлика од луѓето. Никол Елис, сертифициран тренер за кучиња, тврди дека опсегот на човечкиот слух е помеѓу 20 херци и 20 килохерци, фреквенции кои се многу пониски од оние кои ги слушаат кучињата. Тие слушаат звуци повисоки од 64 херци и тоа би можело да им овозможи да слушаат гласови од паралелните универзуми. Секако можеби тие само слушаат бука која ние не можеме да ја слушнеме.

Кучињата можат да откријат болести кај луѓето

Можеби звучи чудно, но кучињата навистина можат да откријат болести кај луѓето. Никол Елис смета дека тие се погодни за тоа благодарение на сложениот систем за мириси кои луѓето никогаш не би можеле да ги детектираат. Сетилото за мирис на кучињата е 10 000 до 100 000 пати поосетливо од она на луѓето, што е резултат на 300 милиони рецептори сместени во кучешкиот нос. За споредба, човечкиот нос има околу 5-6 милиони рецептори.

Кучињата можат да откријат рак или бременост. Научниците се надеваат дека ќе успеат да утврдат кои раси се најдобри за откривање тешки болести и дека ќе откријат на кој начин го прават тоа за да ја подобрат нивната ефикасност.

Кучињата можат да видат работи кои луѓето не ги гледаат

Кучешкиот вид е многу поостар од човечкиот и затоа тие гледаат работи кои ние не можеме да ги видиме.

Понекогаш се чини дека можат да предвидат природна катастрофа

Никол Елис вели дека некои научници сметаат дека кучињата можат да насетат земјотрес пред да го почувствуваат луѓето. Причината лежи во тоа што тие веројатно можат да ги почувствуваат сеизмичките активности кои им претходат на земјотресите, како што се триењето и кршењето на карпите под земјата, и да ги намирисаат промените во околината кои укажуваат на големо невреме.

Таа го споменала истражувањето спроведено во Јапонија во 2011 година по земјотресот со јачина од 9 степени според Рихтер. Сопствениците на кучиња пишувале за необичното однесување на нивните миленичиња непосредно пред земјотресот. Резултатот бил следниот, 236 од 1259 сопственици на кучиња и 115 од 703 сопственици на мачки забележале необично однесување кај нивните миленичиња, како засилено лаење, завивање, немир и желба да излезат надвор. Кај 60 проценти од извештаите чудното однесување се појавило неколку минути пред земјотресот.

Кучињата можат да почувствуваат присуство кое луѓето не можат да го почувствуваат

Ако некогаш сте чувале кучиња, веројатно сте забележале дека тие без некоја посебна причина се плашат од одредени места или се однесуваат невообичаено во одредени области.

-Моето куче се плаши од еден агол во мојот двор. Не знам зошто и тоа е многу чудно – вели Елис.

Постојат многу причини поради кои кучињата се плашат на одредено место, можеби биле таму кога слушнале некој силен звук, како огномет, автомобилски мотор или таму доживеале некое слично непријатно искуство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот