Дали крајот на кариерата на Меркел ќе доведе до политичка криза во Германија?

Ангела Меркел / Фото: EPA-EFE/AIDAN CRAWLEY

Германската Социјал Демократска Партија избра ново раководство, кое по се изгледа, ја зголемува можноста да го загрози опстанокот на владеачката коалиција во која заедно учествуваат со ЦДУ на актуелната канцеларка Ангела Меркел.

По 18 години Ангела Меркел не е веќе на чело на ЦДУ. Нејзината наследничка на местото лидерка на германските демохристијани веќе најавува промена на политиката во односите со останатите држави, пред се со Русија со која според најавите ќе бидат заострени односите.

Фактот дека водството на германските социјал-демократи го преземаат двајца политичари, Норберт Валтер Борјанс и Сакиа Ескен, кои беа гласни критичари на коалицијата со Меркел упатува дека СДП планира да отстапи од владеачката коалиција.

За потсетување, коалицијата на партијата на Меркел ЦДУ и социјалдемократската СПД беше формирана како резултат на слабиот рејтинг кој двете партии го имаа изминатите два изборни циклуса. Тогаш раст на поддршката доби десничарската Алтернатива за Германија (АФД) која сега претставува трета партија по сила во Германија.

Во обид да го спасат својот рејтинг и да ги оневозможат брзо растечките ултра десничари да се „докопаат“ до евентуална власт, партијата на Меркел и нејзините политички опоненти од социјал демократската партија, и покрај различната идеологија, беа принудени да направат коалиција.

Но сега очигледно приоритетот на германските социјал-демократи е да ја спасат својата партија, а не да ја спасуваат коалицијата. Според нвните анализи, со потенцијалниот распад на коалицијата со Меркел, очекуваат евентуално враќање на социјалдемократското избирачко тело кое уште од почетокот се противеше на коалицијата со ЦДУ на Ангела Меркел.

Во тој случај секако ќе дојде до пад на актуелната влада, нови избори и забрзано заминување на Ангела Меркел од политичката сцена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот