Дали коронавирусот се пренесува преку храната?

Дали коронавирусот може да се пренесува преку храната е едно од најчесто поставуваните прашања во изминатиот период и се разбира дилема што многумина сакаат да се реши.

Според информациите што ги пласираше Европската агенција за безбедност на храната, сѐ досега не постојат никакви докази дека коронавирусот на кој било начин може да се пренесе преку храна.

Од оваа институција нагласија дека досега не се регистрирани случаи што покажале дека некои луѓе се заразиле со ковид-19 откако јаделе одредена храна што претходно е „заразена“.

Според стручњаците, единствено е можно да се заразиме со коронавирус додека јадеме одредено јадење, доколку претходно некој заразен кивнал врз храната, а потоа ние сме ја изеле.

Сепак, внимателноста никогаш не е на одмет, па затоа секогаш добро термички обработувајте ја храната што ја јадете, а исто така обидете се и поголемиот дел од храната да ја подготвувате во домашни услови…

Меѓу другото, како еден вид превентива, неодамна белгиските здравствени власти воведоа забрана во рестораните во оваа земја да престане да се служи непечено месо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот