Дали коронавирусот ќе го одложи и традиционалното „Ел Класико“?

фото: твитер

По Италија, и во Шпанија се создава паника, бидејќи се потврди денеска дека најмалку 15 лица биле заразени со коронавирусот.

Повеќето натпревари во северна Италија беа одложени минатиот викенд поради ширењето на коронавирусот, претстојниот викенд скоро сите натпревари ќе се играат пред празни трибини во Серија А.

По Италија, и во Шпанија се создава паника, бидејќи се потврди денеска дека најмалку 15 лица биле заразени со коронавирусот.
Повеќето од нив претходните денови биле во Италија и покажале симптоми откако се вратиле дома.

Заразените лица се задржани во болница во изолација, но стравува во Шпанија дека вирусот сигурно ќе се шири во наредните денови.

Затоа, се поставува и прашањето за тоа што ќе се случи со спортските настани во таа земја, а првенствено се однесува на натпреварите во „Ла Лига“.

„Мундо Депортиво“ пишува дека погледите се насочени кон „Ел Класико“ што треба да се игра в недела на „Сантијаго Бернабеу“.

„Ла Лига“ се најде во промени, затоа што сè уште не се знае дали натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Барселона ќе биде одложен или ќе се игра пред празни трибини.

Засега останува на одлуката да се оди според планираното и дека ќе се воведат некои мерки само во случај на ширење на коронавирус. Повеќе информации за тоа што ќе биде со „Ел Класико“ ќе се знае во наредните денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот