Дали користите погрешна крема за лице?

Хидратантната крема за лице е основниот производ за нега, што би требало да го користи секој што води грижа за убавиот изглед, како и за доброто здравје на својата кожа. Но, погрешниот избор може да ви предизвика повеќе штета, отколку корист.

Сепак, како и кај многубројните други козметички производи, понекогаш е мошне тешко да ја пронајдете онаа вистинската.

За почеток, потребно е да ја познавате својата кожа и одберете крема која најдобро ѝ одговара.

Но, дури и ако точно го знаете вашиот тип на кожа, можно е кремата едноставно да не ви соодветствува, од некоја потполно друга причина.

А, дека време е да ја замените кремата што ја користите со некоја нова, најчесто откриваат овие пет знаци на кожата:

1. Шминката никогаш не ви е мазна

Доколку шминката секогаш ви се „распаѓа“ во текот на денот, тогаш веројатно хидратантната крема што ја користите е претешка за вашата кожа. Заменете ја со некоја полесна, или, пак, можеби – со лосион за лице.

2. Ви избиваат мозолчиња

Мозолчињата, акните и останатите несакани појави на вашето лице, исто така може да бидат знак дека не сте одбрале адекватна крема за својот тип на кожа. Испробајте некоја крема што во себе не содржи масла, или, пак, наменета е за комбинирана или мрсна кожа.

3. Вашата кожа секогаш изгледа сува

Иако секој ден се мачкате со хидратантна крема, кожата сѐ уште ви изгледа суво? Тоа значи дека и понатаму ѝ недостасува хидратација, па можеби би требало да се префрлите на производ што во има хијалуронска киселина, како и да се обидете да правите пилинг на секои три дена.

4. Лицето ве пече

Ако по нанесувањето на кремата, лицето секогаш ве пецка, тогаш дефинитивно е време да ја замените со нова, бидејќи таа што ја користите не одговара на pH вредноста на вашата кожа.

5. Ви се појавуваат комедони

Ги знаете оние мали бели точки на кожата, кои обично се појавуваат околу очите, а е невозможно да ги истиснете? Познати се и под називот комедони, а показател се дека производот кој го користите е претежок за кожата, поради што таа не може да го впие. Тогаш е време за нова, полесна хидратантна крема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот