Дали контроверзниот „Шарли ебдо“ и понатаму е мета на напади?

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Две лица денеска беа тешко повредени во Париз во напад со нож кој се случи недалеку од некогашните канцеларии на сатиричкиот неделник „Шарли Ебдо“, но се уште не е јасно дали инцидентот е поврзан со тој контроверзен весник, кој се пресели во нови простории после нападот на исламските екстремисти во јануари 2015 година.

Сепак до денешниот напад дојде во време кога во Париз трае судењето на осомничените за соучество во низата терористички напади извршени пред пет години, кои започнаа со масакр во тогашните канцеларии на неделникот, а два дена подоцна беа завршени по заложничката криза во еден супермаркет во кој се продавала храна спремена по „кошер“ стандардите на еврејската вера.

Уапсен напаѓачот со нож во Париз

За вкупно три дена, терористите тогаш убиле 17 луѓе, од кои 12 во вооружен напад на просториите на „Шарли Ебдо“ каде во тој момент траел уредувачки колегиум.

Амеди Кулибали, еден од членовите на терористичката група, наредниот ден во париското предградие Монтруж убил една полицајка, а потоа држел заложници во „кошер“ супермаркет во друг дел од градот.

За време на заложничката криза биле убиени четири заложници, а полицијата, пред да ги ослободи останатите 15 луѓе во маркетот, го ликвидирала Кулибали, а истата судбина ја делеле и двајцата напаѓачи на редакцијата на неделникот.

Ужасниот напад на редакцијата на „Шарли Ебдо“, каде бил убиен и уредникот Стефан Шарбоније, претставувало одмазда на екстремните исламисти заради контроверзните карикатури на пророкот Мухамед, кои неделникот за првпат ги објавил во 2006 година.

 

Реагирајќи на масакрот, борците за слобода на говор и изразување низ светот изразија солидарност со неделникот, најчесто преку слоганот „Јас сум Шарли“.

Француските медиуми со поддршка за „Шарли Ебдо“: Заедно да ја браниме слободата на печатот

Меѓутоа, и пред масакрот, „Шарли Ебдо“ заради спорните карикатури добиваше закани, а нивните простории беа нападнати со молотов коктел во ноември 2011 година, кога и нивниот интернет сајт бил нападнат од хакери.

Освен муслиманите, на мета на карикатуристите на „Шарли ебдо“ често се наоѓале и припадниците на другите верски и социјални групи, како и некои јавни личности, заради што неделникот исто така бил критикуван во делови на француската и светска јавност.

Одбележувајќи го почетокот на судењето на соучесниците во нападите од 2015 година, уредништвото на неделникот на почетокот на овој месец одлучи, покрај оддавање на почест на убиените колеги, повторно да ги објави контроверзните карикатури од Мухамед, опишувајќи ги како „доказни материјали“ во тој процес и како дел од историјата, која како што е наведено, „не може повторно да биде испишана или избришана“.

Во коментар на овој потег, францускиот претседател Емануел Макрон застана во одбрана на „Шарли ебдо“ истакнувајќи дека во неговата земја, како дел од слобода на совеста, посто и слобода на бласфемија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот