Дали кокосовото масло е добро за вашата кожа?

кокосово масло
Фото: Профимедиа

Кокосовото масло постана еден од најважните природни состојки кои освен во кујната може да се корисни и за грижа и нега. Но бенефитите од користењето на ова масло се разликуваат зависно од тоа за кој дел од телото и каква грижа имаме потреба да пружиме.

Додека сè уште се дебатира за користа од кокосовото масло за раст на косата, науката ги подржува позитивните ефекти кои кокосовото масло може да ги има на кожата.

Примарно кокосовото масло има антивоспалителни и хидратантни карактеристики за кожата, што го подржува и една неодамнешна научна студија која го докажува хидрирачкиот ефект кој кокосовото масло го има врз атопичен дерматитис (или егзема) кај возрасни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kentaste North America (@kentastena)

Сировото кокосово масло содржи лауринска киселина, која е антимикроб и може да се бори против бактерии кои предизвикуваат акни, а содржи и други заситени и незаситени масни киселини.

Во споредба, се смета дека екстра девственото масло е всушност она кое има подобри ефекти врз многу сувата кожа, како за оние кои имаат егзема.

Екстра девственото кокосово масло има антиоксидантски и анти-стрес потенцијали со ветувачки резултати кои се должат на полифенолот кој го содржи во својот состав. Може да намали воспаленија, липид при оксидација, намалување на стрес по вежбање или хронично изложување на ладни температури.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cocofly (@drinkcocofly)

Кокосовото масло е безбедно за користење на сите типови на кожа, но како и секоја друга состојка, може да има иритирачки или алергиски дејства кај некои луѓе. Дополнителните фактори кои можат да придонесат до акни и запушени пори, покрај негата на кожата со кокосово масло, се хормонски промени, исхрана, стрес, слаба или недоволна нега за кожата.

Продукти кои содржат кокосово масло може да доведат до дополнителни бенефити ако е комбинирани со други хидратори. Се препорачуваат формули кои содржат дополнителни состојки како растителни масла, путери и восоци, како јојоба масло, масло од коноп или цветни масла. Заради своите хидратантни дејства кокосовото масло често се јавува во хидратантни креми, во комбинација со алое вера или хијалуронска киселина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот