Дали Кина или САД ќе победат во српската прокси војна?

Српски и кинески знамиња во Белград EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Србија во моментов можеби е една од најважната во меѓупросторот во денешниот свет. Нејзината судбина ќе помогне која од големите сили ќе доминира во овој век. Истовремено земјата е и тивок тест за американската моќ независно кој и да победи во Белата куќа овој ноември.

Ова меѓудругото го наведува во свој текст магазинот „Политико“ посветен на моменталнта геополитичка поставеност на Србија, кој пишува дека земјата се наоѓа во една геостратешка сива зона, вовлечена меѓу авторитарните сили на Пекинг и Москва од една страна и по неколку години запоставување на САД и нејзините европски сојузници од друга страна.

Како што пишува бриселскиот портал, Србија во моментов не е сама во оваа т.н. сива зона, со неа во ист кош се и останатите две други европски земји Молдавија но и Грузија. Украинците се бореа повеќе од две години да останат слободни. Додека во Азија, прокси битката меѓу демократијата и деспотизмот е за Тајван, наведува магазинот.

Играта топло-ладно со големите сили ќе дојде до крај?

Засега, српските лидери се навалуваат вака и онака, во зависност од денот, без експлицитно да бираат страни. Но, оваа борба ќе дојде до крај порано отколку подоцна.

Фото: EPA-EFE/KENZABURO FUKUHARA

Белград е сведоштво за животот во неизвесност. Елегантните стаклени и метални кули се надоврзуваат на Дунав недалеку од запуштените улички и зградите со лузни од времето, кои веќе ретко се гледаат во оваа европска престолнина. Графитите во градот се насекаде, истите се агресивни и се однесуваат на минатото. Кон НАТО бомбардирањето, војната во Косово но и за војните на Србија по распаѓањето на СФРЈ, пишува Политико.

Една недела, кинески знамиња се веат низ главниот град во чест на парламентарната делегација од Пекинг која беше во посета во мај во земјата кога претседателот на Кина Си Џинпинг потпиша договор за слободна трговија со Србија. Недела подоцна на улиците во српската престолнина се вееше и германската тробојка кога канцеларот Олаф Шолц, чија земја е најголемиот инвеститор во Србија, дојде да потпише договор во име на Европа за да обезбеди снабдување со српски литиум – наведува медиумот.

Ваква слика имаше и кога пристигна францускиот претседател во Белград Емануел Макрон кој на Србите неодамна им продаде 12 француски ловци Рафал водека брендовите „Зара“ и „Хуго Бос“ се главните реклами на пешачкиот трговски кварт во Белград.  Но, во исто време локалните медиуми се полни со пофални информации за Владимир Путин, најпопуларниот странски лидер во Србија, пишува Политико.

Медиумот забележува зошто тогаш Србија е во оваа политичка неизвесност а во исто време надвор од Европската Унија и НАТО, но не и целосно во прегратките на Путин и Си?

Србите имаат многу да кажат кога станува збор минатото и нивната иднина. Сепак, нивното место во светот ќе зависи претерано од апетитот на Вашингтон да ја води и победи новата борба на големите сили за светската превласт. Така САД и нејзините сојузници можат да го обликуваат исходот во регионот преку комбинација на мека и тврда економска но и дипломатска моќ.

Засега има знаци дека се будни за овој предизвик за кој пак нема толку докази дека тие имаат фокусирана стратегија за овде, наведува медиумот.

Србите повеќе сакаат со ЕУ и Америка отколку Истокот

Србите имаат добри причини да посакуваат да се зближат со Европа и Америка. Тоа се гледа од оние што се „важни“ во Белград кои не сакаат да одат на одмор или да ги испратат своите деца и пари во Москва или Пекинг.

 

Српскиот претседател Александар Вучиќ при посета на Белата куќа во 2020 година и средбата со Доналд Трамп. EPA-EFE/ANNA MONEYMAKER / POOL

Додека земјата имаше силен економски раст речиси 5 проценти годишно и намалена невработеност од 26 проценти на 9 проценти, Србија имаше слаби резултати во оваа ничија земја. На соседите како Хрватска, Романија и Бугарија кои влегоа во ЕУ им оди подобро, а Србите го гледаат тоа.

„Ние во Србија имаме карта и дефинитивно знаеме каде припаѓаме, и припаѓаме на Европската Унија, вели Марко Ѓуриќ, министер за надворешни работи на Србија и додаде дека Србија не е парче од шаховската табла.

Како студент, Ѓуриќ учествувал во движењето Отпор против Милошевиќ. Летово, по покана од државниот американски секретар Тони Блинкен, Ѓуриќ беше во Вашингтон на самитот на НАТО и беше првиот српски министер за надворешни работи што некогаш присуствувал на ваков тип состанок.

Сепак, по 25 години откако алијансата водеше војна со Србија, неговото присуство привлече мало внимание во српската јавност, но и тоа беше извонредно.

„Српското раководство намерно одлучи да инвестира во САД. Се отворивме за соработка на сите сфери – рече тој.

Но, ниту Вашингтон, ниту Брисел не се потпираа на Србија. Нивната главна цел изгледа е да ја спречат Србија да стане руски сателит како Белорусија, заклучува во својата анализа медиумот.

– Нашата најголема загриженост е малигното влијание на Русија. Сакаме Србија да биде усогласена со Западот, дел од системот што се спротивставува на рускиот експанзионизам – вели западен дипломат кој побара да остане анонимен за медиумот.

Во меѓувреме има луѓе од двете страни на Атлантикот кои сакаат оваа балканска земја да биде повеќе политички блиска до нивните размислувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот