Дали ќе бидат доволни 67 милиони евра за Лукаку?

EPA-EFE/NIGEL RODDIS

Интер понуди 67 милиони евра и бонуси за Ромелу Лукаку, износ кој Манчестер Јунајтед би го добил наредните три години.

Италијанските медиуми пренесуваат дека последната понуда на Интер конечно ќе ги заокружи преговорите за белгискиот репрезентативец.

„Неро-аѕурите“ испратија досега различни понуди кои вклучуваат опции на позајмица со можност за откуп на крајот од сезоната, но истите клубот од Олд трафорд ги одбиваше.

Јунајтед, со последната понуда од 67 милиони евра, заедно со бонусите, може да заработи вкупно 88 милиони евра, колку што и бараше за услугите на нивниот напаѓач.

Инаку, Лукаку се пресели на „Олд Трафорд“ во 2017 година и во дресот на „црвените ѓаволи” одигра вкупно 66 натпревари и реализираше 28 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот