12 C
Скопје

Дали Јувентус ќе избегне елиминација од Лигата на шампионите?

Продолжуваат возбудувањата во Лигата на шампионите со реванш осминафиналните натпревари, Јувентус денеска брка негатива против Порто на домашен терен од 21.00 часот, а во истиот термин Севиља оди по изненадување во Дортмунд.

Во првите 90 минути Јуве изненадувачки загуби со 2:1 од португалскиот великан, но во добро расположение ја очекува возвратната пресметка после победите во Серија А над Специја и Лацио.

– Повеќе пати го гледавме првиот натпревар и вечерва мора да играме поразлично. Грешките од првиот меч не смеат да се повторат – рече тренерот на Јувентус, Андреа Пирло.

https://twitter.com/ChampionsLeague/status/1369182665312641026

Во составот на „Старата дама“ нема да бидат повредените Дибала и Де Лихт, а на спротивната страна под знак прашалник е настапот на Пепе.

Прочитајте и...  Трагедија во Хрватска, почина 24-годишен фудбалер

Борусија Дортмунд е поблиску до пласман во четвртфиналната фаза, на првата средба како гостин обезбеди предност од 3:2 против Севиља.

Истата „милионерите“ ќе се обидат да ја одбранат без Санчо и Витсел кои се жалат на повреди, а кај Шпанците ќе недостасуваат Вазкез и Видал.

Поврзани вести

ВИДЕО: Фудбалски празник во Виго, седум голови и пресврт на Севиља!

Слободен печат

ФОТО: Манасков и Веспрем го освоија Купот на Унгарија!

Слободен печат

До оваа сезона никој не знаеше за него, Барса го проценува на 400 милиони евра

Слободен печат

МЗТ Скопје Аеродром славеше во дербито против Пелистер

Слободен печат

Македонската БЏЏ репрезентација се враќа со медали од турнирот во Србија

Слободен печат

Еден од најстарите фудбалски клубови во Македонија е во тешка финансиска ситуација

Слободен печат

Остави Коментар