Дали индустријата на лаги „предвреме“ ги минира изборите во САД

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Модерниот начин на живот ги направи круцијални социјалните медиуми и интернет платформите за пренесување на информации и вести до граѓаните во светот, регионот, а со тоа и во Македонија. Токму брзата и голема динамика на секојдневието придонесе преку овие канали дезинформациите и лажните вести да се шират со невидена брзина. Во правец на овие состојби за нотирање се загрижувачките информации публикувани од прес соопштенија на компаниите Јутуб и Фејсбук кои информираа дека наскоро ќе прекинат да ги бришат профилите на вештачката интелигенција кои продуцираат дезинформации на нивните платформи бидејќи стравуваат дека на таков начин се намалува бројот на корисници на нивните продукти.

Во светло на актуелните настани, уште позагрижувачки се овие податоци ако се знае дека истите се случуваат во време на партиските трки на Републиканците и Демократите за кандидати за претседател на САД но и во предворието на американски претседателски избори кои според најавите треба да се одржат следната година.

Колку се навистина проблематични овие одлуки на технолошките компании и каква е улогата на дезинформациите од Македонија врз политичката трка во САД можеби можат да посведочат искуства од минатото за време на претседателските избори во 2016 година во Америка.

Токму забрзувањето на трката за претседател на САД, но и решенијата на Твитер и Јутуб да не реагираат на ботовите со дезинформации во домашната јавност ја актуализира темата што е активна повеќе години, а се поврзува со веќе познатите т.н. велешки сајтови. Имено, за тие сајтови, кои првпат се појавија во изборната кампања во Америка, постоеше основан сомнеж дека тие копираат содржини од други американски сајтови, лиферуваат лажни вести, а целта им е финансиска корист. Ваквото нивно дејствување беше разоткриено од страна на Истражувачката мрежа за организиран криминал и корупција(ОЦЦРП) која информира дека дел од сајтовите што инкриминирано работеле потекнуваат од македонскиот град Велес.

Според ОЦЦРП велешките сајтови  usapoliticsinsider.com и usadailypolitics.com за своите нелегални активности ја користат социјалната мрежа Парлер, која важи за десничарско ориентирана платформа и која во САД имале стотици илјади корисници за да добиваат значителен сообраќај на нивните интернет-страници.

Освен претседателските избори во Америка, темата на дезинформациите и лажните вести, беше активни и во претседателската трка годинава и во Турција.

Имено според бројните новински натписи од светските медиумски куќи и двата табори на претседателските избори во вториот круг на тргата од која победник излезе досегашниот шеф на државата Реџеп Таип Ердоган обвинуваат дека во медиумите се шират лажни вести за кандидатите. Па така од таборот на главниот опозициски кандидат Кемал Киличдароглу се информираше дека дезинформации за подршка на Ердоган пристигнувале на интернет од адреса на Русија а пак таборот на Ердоган истакнаа дека се неуспешни лажните вести во изборите кои велат дека претседателот боледувал од сериозна болест за да се створи лажна слика дека тој не бил способен да управува со земјата.

Во сублимиран заклучок консултираните домашни и странски експерти велат дека дезинформациите и лажните вести се голем непријател на демократијата во светот. Тие додаваат дека ако дезинфорамциите можат да се опасност за изборите во САД и Турција тогаш што треба да се каже за нивната опасност за земјите од Балканот.

Во своја изјава на темава за „Слободен печат“ чешкиот професор Михал Вит објаснува дека за тоа што се лажни вести засега не постои сеопфатна, единствена и прецизна дефиниција.

Проф. Михаил Вит

„Но во основа се работи за лаги, манипулации, искривување на фактите, дозирано презентирање на факти, спинови, сензационалистички претставувања на информациите со кои што се располага, намерно искривување на работите, пропаганда. Токму затоа ако не се спречи нивното делување тогаш тие ќе се алатката која наместо изборите ќе се користи за избирање на идни претседатели и премиери на земјите од регионот и светот“,вели Вит.

Според Вит, Образованието е засега единствен заштитен панцир во битката со лажни вести.

-Единствено со критичко размислување и проверка се води оваа битка. На ниеден друг начин. Државата мора да развива образовни модули кои ќе промовираат критичко преиспитување на реалноста. Се сеќавам на еден проект за медиумска писменост со средношколци. Смислив вест и им дадов задача да ги најдат грешките и нелогичностите. Во кратката измислена вест имаше 40-ина грешки, а тие лоцираа едвај 10-ина и тоа претежно очигледни. Тоа значи дека земјава мора да креира критичка јавност и на тој начин, борбата со лажните вести ќе биде успешна- посочува Вит.

Велес продолжува да креира лажни вести, но нивното влијание е многу помало

Во споредба со претседателските избори во САД во 2016 година, сега влијанието на т. н. автори на лажни вести од Велес, врз одлуката на американските граѓани, за кој претседателски кандидат да го дадат својот глас, е намалено објавува во своја анализа на темава „Гласот на Америка“ на македонски јазик. Според медиумот во 2016 година група на млади луѓе од овој град со закупување на домејни во САД, подигнување на веб страни и користење на социјалната мрежа ФБ, успеале да влијаат врз гласачкото тело, сега овој проблем и понатаму постои но не е толку видлив и моќен како во минатото. Како што наведува ВОА нивното, влијание, во минатото за време на изборите во 2016 година, според некои проценки, било помеѓу 60 и 80 милиони корисници. Ова тогаш го поттикна ФБ да креира комплетна софистицирана заштита на својот производ, според која после изборите во 2016 година, биле блокирани десетици ФБ страници, на граѓани од Велес, за да не може да се шират лажни вести преку оваа социјална мрежа.

Видео игри за борба против дезинфорамции


Сите новитети во технолошкиот свет немаат негативен призвук кога станува збор за употребата на технологијата и ширењето на дезинформациите. Една интересна вест вели дека компјутерската игра Кантер страјк ќе се користи за превенирање на дезинформациите кои пристегнуваат во светот од Русија.
Според
медиумите токму овој новитет во играната која е светски бренд во себе ќе има алгоритам за превенирање на лажни вести и достава на вистинити содржини до оние кои ја користат. Односно и до оние корисници кои ја играат играта во Русија а се бројат со милиони.
Првите лица на компанијата која ја произведува видео играта велат дека овој не секојдневен пристап за борба со дезинформации ќе е новитет на пазарот кој ќе се протне преку државната цензура на вистината за војната во Украина која ја спроведува Москва.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот