Дали и Том Хенкс ти седи во скут? : Како Шерон Стоун се спротивстави на сексуалните вознемирувања во Холивуд!

Carter Smith (Facebook)

Шерон Стоун е една од ретките актерки која отворено има зборувано за двојните стандарди кои владеат во Холивуд во однос на машките колеги. Кога Ли Кован на CBS пред две години ја праша дали работејќи во филмската индустрија, се сретнала со сексуално вознемирување, таа одговори: „Во оваа работа сум 40 години. Можете ли да замислите работа во која сум зачекорила пред толку години. Изгледајќи како што изгледам, дојдена од никаде, Пенселвенија и без никаква заштита? Се имам видено“.

И денес се прераскажува како Шерон на еден режисер, откако ѝ предложил да му седне во скут додека разговараат, таа му вратила со прашањето: „Дали и Том Хенкс ти седи во скут?“.

„Пред 20 години владееше една многу мизогинистичка ера. Мел Гибсон, кој е три години постар од мене, сметаше дека сум престара да глумам покрај него“, се присетила Шерон на само еден детаљ од Холивуд за германскиот „Вог“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот