Дали и натаму ќе гледаме Game of Thrones во Македонија?

Во американскиот телекомуникациски оператор „AT&T“ интерно се разговара за продажба на европскиот огранок на „HBO“ во обид да го намали долгот од 170 милијарди долари.

Ова го објави „Фајненшл Тајмс“, повикувајќи се на изјави на неколку сегашни и поранешни директори.

Како „логичен купувач“ со оглед на бизнис релацијата со „HBO“ се споменува „Sky“, пишува „ФТ“, повикувајќи се на неименувани извори од „AT&T“ и „HBO“. „Sky“ дистрибуира содржини на „HBO“ во Велика Британија, Германија и Италија.

„AT&T“ ја купи телевизиската куќа која стои зад популарната серија „Игра на тронови“ во текот на минатата година за 80 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот