Дали Хари Стајлс се подготвува да го направи своето деби во Марвел Универзумот?
Според среќните гледачи на проекцијата на филмот „Еternals“, Хари ќе го глуми Ерос во долгоочекуваниот филм.
Искусниот филмски писател Мет Донели наводно ја потврди Хариевата улога во филмот, пишувајќи „Хари Стајлс им се придружи на Марвеловци како Ерос, братот на Танос“- пренесува „Seventeen“
Деталите околу тоа дали Хари Стајлс ќе биде идниот лик во Марвел се шушкаат, но еве малку позадина околу ликот на Ерос: според Марвел, Ерос е најмладиот син на А’Ларс и Суи – Сан. Роден како Ерон, бил преименуван како Ерос. Неговите главни карактеристики се желбата за авантура, љубов кон животот и романсата. Прекарот му е „Кnave of Hearts“
Хари допрва треба официјално да ја потврди веста за неговата улога во Марвел Универзумот, но не треба да чекаме многу повеќе за да откриеме сами. Филмот треба да излезе на 5 ноември.
View this post on Instagram
Фановите на Стајлс ширум светот прават мемиња со веќе херојски облечен Хари. Останува да видиме дали сево ова е вистина!
View this post on Instagram