Дали Грција е безбедна за новинарите?

epa09124556 Police officers cordon the area outside the home of Greek journalist Giorgos Karaivaz after he was murdered in Alimos, on the southern coast of Attica, Greece, 09 April 2021. Witnesses reported two men on a motorbike, possibly a scooter, outside his home, fired multiple shots at the victim with a handgun, inflicting fatal injuries. The culprits then took off in an unknown direction. Police are now conducting an investigation and the area has been cordoned off. According to a police source, the journalist had not reported any threats against him nor asked for police protection. EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Убиствата на новинари се ретки во Грција. Дотолку поголем затоа е шокот во домашната, но, и во меѓународната јавност по убиството од заседа на познатиот новинар и блогер Јоргос Караиваз

„Убиството на новинари е гнасен и кукавички чин“, напиша на Твитер претседателката на Европската комисија. „Европа се залага за слобода. А слободата на медиумите е можеби најсвета од сѐ“, порача Урсула фон дер Лајен во реакцијата на убиството на грчкиот новинар. 

Јоргос Караиваз беше убиен пред својот дом во Атина преку ден, додека се враќал дома од работа. Караиваз работеше како репортер во областа за криминал на ТВ мрежата „Стар“. Познат е по своите извествувања за грчката полиција и за криминалните врски. Тој уредуваше и интернет блог на кој известуваше за овие теми.

Според наводите, двајца мажи на моторцикл, од кои еден бил во војничка облека, пукале во Караваиз најмалку шестпати, додека новинарот излегувал од својот автомобил пред својот дом. Проценето е дека на местото на убиството се пронајдени 17 до 20 чаури, а деталите укажуваат дека убијците користеле пригушувач бидејќи соседите не ги слушнале истрелите.

Приватната телевизија „Стар“, за која работеше Караваиз, објави дека на новинарот му пришле двајца мажи на мотоцикл и пукале во него.

Грчките власти го осудија убиството и соопштија дека истрагата е во тек.

И претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Тереза Рибеиро, меѓу другите, изрази шок поради убиството на новинарот Јоргос Караиваз што се случи во Атина. „Новинарите би требало секогаш безбедно да ја извршуваат својата работа. Барам од грчките власти брзо да ги идентификуваат и да ги уапсат одговорните и јасно да го утврдат мотивот за овој страшен напад“, е наведено во соопштението на ОБСЕ.

Комесарката на Советот на Европа за човекови права, Дуња Мијатовиќ, ги повика властите итно и целосно да го истражат злосторството и да осигураат дека одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата. На Твитер таа напиша дека убиството на Караиваз е трагичен потсетник дека новинарството е опасна професија во Европа.

Редакциите на грчките медиуми често се цел на напади на вандали, но убиствата на новинари се релативно ретки во Грција.

Во јули сопственикот на таблоид Стефанос Киос преживеа по обидот за ликвидација од непознат напаѓач кој му пукал во вратот и во градите пред неговиот стан. Истрагата за овој случај е и натаму во тек. Менаџерот на радио, блогер и истражувачки новинар Сократис Гиолиас во 2010 година беше убиен пред својата куќа. Во тоа време наводно работел на една приказна за корупција. Одговорност за ова убиство презеде една левичарска група, но случајот никогаш не е решен.

 

Турција: Дениз Јуџел

Германско-турскиот новинар Дениз Јуџел од февруари 2017 година е во затвор во Турција. Обвинет е за ширење терористичка пропаганда и бунт. Докази за тоа не се објавени. И покрај острите критики од Германија, турскиот претседател Ердоган најави дека Јуџел нема да биде ослободен. Повеќе од 140 новинари се уапсени во земјата по неуспешниот пуч минатата година.

 

Русија: Николај Андрушченко

Непознато лице го претепа Андрушченко на улица во Санкт Петербург. На 19 април годинава, 73-годишникот им подлегна на повредите. Андрушченко пишуваше за кршење на човековите права и криминал. Во неговиот последен документарец говореше за тоа дека Владимир Путин на власт дошол благодарение на врските со криминалците и КГБ.

 

Бангладеш: Авијит Рој

„Мукто- Мона“, „слободен дух“, така се викаше блогот на критичарот на исламот, Авијит Рој. За себе говореше дека е „секуларен хуманист“, поради што го предизвика бесот на исламистичките екстремисти во Бангладеш. Рој живееше во САД. Кога во февруари 2015 година дојде на саем на книги во Дака, фанатици го расекоа со мачети. Блогерите се постојана мета на екстремистите во Бангладеш.

 

Мексико: Мирослава Брич

На 23 март, Мирослава Брич беше убиена со осум истрели во глава од платен убиец. Новинарката известуваше за корупција и злосторства на нарко-картелите. Убиецот оставил порака „За предавничката“. Брич е трета новинарка убиена во Мексико во март годинава.

 

Ирак: Шифа Гарди

Репортерката Гарди загина на 25 февруари на боиштето во северен Ирак при експлозија на мина. Родената Ирачанка работеше за курдската новинска агенција Рудав во Ербил и известуваше за борбите меѓу ирачките сили и Исламската држава. Во околината на Мосул, терористите на т.н. „Исламска држава“ постојано киднапираат, протеруваат и убиваат новинари.

 

Саудиска Арабија: Раиф Бадави

Саудискиот активист беше осуден на десет години затвор и 1.000 удари со камшик. Бадави е во затвор од 2012 година поради „навредување на Исламот“. Во јануари 2015 за првпат беше јавно камшикуван. Во светот беше покрената кампања за негово ослободување, а режимот ја суспендираше казната. Неговата сопруга Енсаф Хајдар и децата добија азил во Канада.

 

Узбекистан: Салијон Абдурахманов

Од 2008 година Абдурахманов е во затвор, поради наводно поседување дрога. Владата на критичарите им подметнува дрога за да ги замолчи, тврдат од организацијата „Репортери без граници“. Гревот на Абдурахманов е што за независни портали и за „Гласот на Америка“ пишуваше за корупцијата, човековите права и заштита на животната средина.

 

Кина: Гао Ју

Новинари, блогери и активисти кои го критикуваат режимот се под голем притисок во Кина. Така и поранешната соработничка на „Дојче веле“ беше уапсена во 2014 година. Поради наводно објавување на државни тајни, таа во 2015 година беше осудена на седум години затвор. Благодарение на меѓународниот притисок, пуштена е од затвор и казната ја издржува во домашен притвор.

 

Азербејџан: Мехман Хусеинов

Тој објавува политички интернет-магазин во кој пишува за корупција и кршење на човековите права. Мехмед Хусеинов е еден од најпопуларните видео-блогери во Азербејџан. Со кампањата „Лов на корумпирани функционери“ обвинува високи функционери на Азербејџан за корупција. Повеќепати е изложуван на закани, а во март 2017 година е осуден на две години затвор поради клевета.

Преземено од „Дојче веле“

[sc name=”dw” ]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот