Дали господинот Биг ќе го видиме во новото продолжение на „Сексот и градот“?

Profimedia
Profimedia

Веќе некое време се збори за новите десет епизоди од култната серија „Сексот и градот“ кои ќе се појават на стримиг платформата „HBO Max“.

Обожавателите на серијата беа видно разочарани откако дознаа дека актерката Ким Катрал која ја толкуваше Саманта, нема да се појави во продолжението. Но, сега дојде уште поголемо разочарување.

Profimedia
Profimedia

Според странските медиуми, во новите епизоди нема да се појави ниту Биг, кој го играше Крис Нот. Биг, се разбира, беше беше најголемата љубов, а подоцна и сопруг на Кери Бредшо играна од Сара Џесика Паркер. Имено, актерот бил зафатен со други ангажмани.

Исто така, во продолежнието нема да го видиме ниту Дејвид Ајгенберг кој го играше ликот на Стив Брејди, парнерот на Миранда Хобс која ја играше Синтија Никсон.

„HBO Max“ претходно објави дека гледачите во новите епизоди ќе ги следат Кери, Миранда и Шарлот, а нивните авантури ќе бидат попредизвикувачки од она што го видовме во претходните сезони. Снимањето треба да започне оваа пролет во Њујрок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот