Дали гените влијаат на тоа како ќе се избориме со вирусот?

Profimedia

Откако минатиот месец во Велика Британија починаа  2 пара близнаци поради коронавирусот и два пара браќа, почна да се поставува прашањето дали смртните случаеви укажуваат на тоа дека и од генетските фактори зависи како некој ќе ја прележи болеста.

Повеќето научници веруваат дека гените играат одредена улога во реакцијата на личноста кон инфекцијата. Наследниот материјал може да влијае на рецепторите кои коронавирусот ги користи за да ги нападне човечките клетки, но и на општата здравствена состојба, имунитетот на личноста и начинот на реагирање на имунолошкиот систем, пишува „Гардијан“.

Научниот тим предводен од професорот Тим Спектор, главен на Одделот за истражување на близнаци и генетска епидемиологија на Кингс колеџот во Лондон, тврди дека нивните истражувања водат кон заклучок дека уделот на гените конн симптомите на Ковид19 изнесува 50%, но дека се неопходни понатамошни истражувања за да се утврди кои се тие гени и на кој начин го менуваат текот на болеста.

Еднојајчените близначки Кети и Ема Дејвис (37) починаа минатиот месец во Општата болница во Саутхемптон. Тие двете живееле заедно и веќе биле болни кога се заразиле од коронавирусот. Другиот пар на близначки Елинор и Ајлин Ендруз (66) починале малку подоцна. Исто и тие две живееле заедно и биле болни пред инфекцијата од вирусот.

Тука е и случајот на двата браќа од Њупорт – Гулама Абас (59) и Раза Гулама (53), кои починале во Кралската болница Гвент во растојание од неколку часа, како и браќата Ивов, Олумеа (46) и Исија (38), кои починале со разлика од неколку дена.

„Оваквите смртни случаи водат до заклучок дека болеста е условена и од генетски фактори, но доколку луѓето живеат заедно, тие делат и заедничко опкружување“, вели Спектор, истакнувајќи дека таквите луѓе водат сличен живот и се однесуваат слично, почнувајќи од исхраната и вежбањето, па се до тоа колку ќе почекаат додека не побараат помош од лекар.

Маркус Мунафо, професор по биолошка психијатрија на Универзитетот во Бристол, смета дека известувањето за смртните случаи кај близнаците треба внимателно да се толкува.

„Кога близнаците, браќата и сестрите починат од Ковид19, тоа го привлекува нашето внимание, но тоа не значи дека постои посебна причина да веруваме дека близнаците или браќата и сестрите се изложени на поголем ризик“, смета тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот