Дали Фолксваген се подготвува да го исклучи Сеат?

Архива

Кога би сакале да ја избереме најзапоставената марка во рамките на Фолксваген Груп, тоа најверојатно ќе биде Сеат, па не е чудно што иднината на шпанската компанија се доведува во прашање. И покрај тоа, шефот на Фолксваген смета дека Сеат има перспектива.

Неодамна беше забележан успех со лансирањето на брендот Купра, а паралелно понудата беше проширена и со кросовер модели, па шпанскиот бренд привлече помлада клиентела и влезе во помирен период. Томас Шафер, првиот човек на Фолксваген, изјави дека „нема да го убиат Сеат“.

„Она што го знаеме е дека е безбеден до 2028 или 2029 година. Тој игра важна улога во Европа, особено во Шпанија, Велика Британија и Австрија“, рече Шафер во интервју за британскиот Аутокар. Шафер не крие дека иднината ја гледа во Купра, која значително побрзо ќе се движи по патот на електрификацијата.

Како што пишува Индекс. Хр, брендот Сеат сега е во непријатна ситуација. Ако опстане како масовен производител на автомобили, ќе се натпреварува со Шкода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот