Дали е време за пензија, се повеќе прозивки на сметка на Федерер

epa09209084 Roger Federer of Switzerland reacts during his second round match against Pablo Andujar of Spain at the ATP 250 Geneva Open tennis tournament in Geneva, Switzerland, 18 May 2021. EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Иако не се очекуваше Рожер Федерер да направи некој забележителен резултат на првиот турнир по враќањето од операцијата на коленото во Доха, сепак за многумина беше изненадување поразот во првото коло на стартот на турнирот во Женева.
Федерер во Женева каде беше прв носител загуби од Пабло Андухар од Шпанија во три сета (6:4,4:6,6:4) со што се покажа дека враќањето на терените ќе оди многу потешко од очекуваното.
– Рожер делуваше здрави, подготвено, се движеше доста добро за прв меч на земјени терени. Сепак делуваше како да „зарѓал“ и тоа против играч кој е доста добар на земјени терени – изјави аналитичарот на ЕСПН и тренер, Дарен Кејхил.

Поранешниот тренер на Федерер, Пол Анакон, е свесен што го очекува Швајцарецот.
– Ова е далеку поинаку од пред четири години кога се враќање по долга пауза. Да се има 35 и 40 години е сосема различно – смета Анакон кој исто така вели дека Вимблдон ќе му биде главната цен на Федерер.

Париз и Ролан Гарос ќе бидат преголем предизвик за него. Сепак, доколку биде се во ред и остане здрав и помине неколку кола, во сезоната на трева нема да да влезе а да не мисли дека може да победи на Вимблдон. Тој може да зборува што сака во јавноста, но длабоко во себе чувствува дека може барем уште еднаш да го освои Вимблдон. Но, доколку сте помалку доминантен, тогаш аурата на непобедливост слабее и тоа може да направи разлика – вели Анакон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот