Дали е реално, Конте сам си мести отказ за да седне на клупата на друг италијански тим

EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Викендов топ тема во Италија е тренерот на Интер, Антонио Конте и неговиот испад на прес конференцијата по последното коло.

Антонио Конте веднаш откако Интер ја заврши сезоната во Серија А на второто место, распали до челниците на својата екипа. Италијанските медиуми не се сигурни дали станува збор за напад на директорот Аусилио и генералниот директор Бепе Марота бидејќи Конте сака далеку поголема моќ во одлучувањето.

Сепак неговиот истап на прес конференција ги разгневи и кинеските сопственици на Интер, семејството Жанг кои наводно дале зелено светло да започне потрагата по замена за Конте и изборот паднал на Масимилијано Алегри.

Шоуто на прес конференцијата му направи проблем на Конте, Интер му подготви замена

Според „Кориере дело Спорт“ неговото заминување од „Џузепе Меаца“ ќе го забрза евентуална елиминација од Хетафе во осминафиналето од Лигата на Европа.

Утринава се појави нова неверојатна информација во дел од медиумите во Италија дека Конте сам си мести отказ бидејќи сака да седне на клупата на друг италијански тим.

Конте сака да се врати во Јувентус, наводно имал средба со Павел Недвед на која е разговарано за евентуално враќање на „Алијанц“ Арената.
Во Јувентус се незадоволни од работата на Маурицио Сари кој иако ја освои титулата, екипата не играше убедливо, во поголем дел од сезоната се мачеше и доколку евентуално „старата дама“ испадне од Олимпик Лион во осминафиналето од Лигата на шампионите, тој ќе добие отказ, со што ќе се отвори можноста Конте да се врати во Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот