Дали е ова најимпресивната слика на Сонцето? Креирана е со спојување на дури 90.000 фотографии

Ендру Мекарти и Џејсон Гензел пред една година успеале да направат импресивна фотографија на Сонцето, со која привлекоа големо внимание.

Пред сè, треба да се каже дека се работи всушност за неверојатни 90.000 фотографии кои се спојуваат во една. Сите фотографии ги направил Мекарти, благодарение на специјалниот телескоп, кој го приспособил за соларни снимки со висока резолуција.

„Кога гледате низ тој телескоп, гледате само мал дел од Сонцето. И затоа морав да направам десетици илјади фотографии во брза низа. Потоа Гензел ми помогна со софтверот преку кој ги споив сите снимки заедно“, рече Мекарти за Гардијан.

Сонцето има периоди на ниска и висока активност. Мекарти работел во период на слаба активност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrew McCarthy (@cosmic_background)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот