Дали е ова иднината на вежбањето на отворено? Погледнете како дамите вежбаат јога заедно и држат необична дистанца

Инстаграм

Ширум светот луѓето пронаоѓаат начини како и покрај пандемијата на коронавирусот колку толку да се вратат на нормалниот живот. На дамите од Торонто изгледа многу им недостасувала јогата.

За групно да ги прават вежбите, осмислиле практичен и паметен начин како да вежбаат безбедно на голем простор.

Instagram

Компанија од Kанада направила големи пластични меури во кои вежба по една девојка.

Instagram

На овој начин можат заедно и во исто време да уживаат во јогата, држејќи ја безбедната дистанца, а се заштитени од потенцијалната зараза со коронавирусот.

Instagram

Веста брзо ги преплави социјалните мрежи на големо воодушевување на дамите кои обожаваат јога.

Instagram

Многумина се прашуваат дали ова ќе биде иднината на јогата ако пандемијата не стивне во догледно време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот