Дали е можно враќање на Карачиќ во Вардар?

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Досегашниот клуб на Хрватот, Кјелце останува без главниот спонзор кој ќе мора да се ослободува од своите најголеми ѕвезди.

Повторно се активира се отвара прашањето кое веќе кружи неколку месеци – дали е можно враќање на хрватскиот интернационалец Игор Карачиќ во македонскиот и европски шампион?

Кјелце како што информираат полските медиуми ќе остане без главниот спонзор, компанијата „ВИВЕ“ и ќе мора да се ослободува од своите најголеми sвезди.

А помеѓу нив се поранешните играчи на Вардар, меѓу кои се Игор Карачиќ и Алекс Дујшебаев.

View this post on Instagram

Training done☑️ @igorkaracicc

A post shared by Timur Dibirov (@timurdibirov31) on

„Црвено-црните“ предводени од старо-новиот претседател Михајло Михајловски веќе го формираат составот за следната сезона.

Моментно на позицијата среден бек тренерот Стевче Алушовски ги има Мартин Карапалевски, Марко Мишевски, Стефан Крстевски и хрватското засилување Анте Гаџа.

Уште двајца плејмејкери се поврзуваат со трансфер во Вардар, тие се Миха Зарабец (Кил) и Ловро Јотиќ (Еурофарм Пелистер).

Воедно денеска на својот Инстаграм профил, руското лево крило на првакот, Тимур Дибиров објави слика од тренинзите на отворено и тоа со Карачиќ кој повторно е во главниот град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот