Дали е крај на монополот на Гугл? Од есен добиваме поголема слобода на пребарување на интернет

По одлуката на Европската комисија за конкуренција (Director General Competition), Гугл повторно ги напиша договорите што ги има со производителите на мобилни телефони, кои во своите уреди го инсталираат оперативниот систем Андроид, пренесува Телеграф.рс.

На новите Андроид мобилни телефони и таблети на просторот на Европската економска заедница од оваа есен ќе постои опција за избор на интернет пребарувач. Помалите пребарувачи досега немаа шанса да станат прв избор за пребарување во Андроид опкружувањето.

Екран за избор на пребарувачи доаѓа на Андроид откако Европската комисија го казни Гугл со 4,34 милијарди евра поради кршење на антимонополските правила на ЕУ на 18 јули 2018 година, односно поради неговата доминација на Андроид платформата.

ЕК го обвини Гугл за „три нечесни практики“.

Прочитајте и...  Морничавиот проект на Нетфликс: Што би направиле за само малку слава? (ВИДЕО)

Како што пренесува Телеграф.рс, Гугл барал од производителите однапред да ја инсталираат апликацијата Гугл срч и Хром ако сакаат да ја лиценцираат апликацијата Гугл плеј, потоа им платил на операторите на мобилните мрежи и на производителите на телефони исклучиво однапред да инсталираат Гугл пребарување и ги спречил производителите да создаваат алтернативни верзии на Андроид без негово одобрение доколку сакаат однапред да инсталираат која било апликација од Гугл.

Тоа е најголемата досудена казна за Гугл од страна на Европската комисија за неговиот пазарен монопол и ограничување на конкуренцијата.

Гугл е најдоминантна алатка за пребарување во светот, освен во Кина каде што пребарувањето на Гугл е забрането, и во Русија, каде што доминантен пребарувач е домашниот Јандекс.

Прочитајте и...  Вакво нешто немате видено: Цеца пее на ромска свадба во Рим, а бакшиш пристигнува од сите страни! (ВИДЕО)

Корисниците на паметни телефони во Русија добиле избор за пребарување од август 2017 година.

Тогаш уделот на пребарувања преку Гугл бил 60%, а само една година подоцна се изедначил со Јандекс на 50:50, а во март годинава уделот на Јандекс бележи 56% со тенденција на раст, додека уделот на Гугл е 42%.

Прочитај повеќе

Дневен хороскоп за 30 септември: Во љубовта никаде не треба да брзате, сѐ што е ваше, ќе си дојде

Слободен печат

Виц на денот: Тоалетна хартија

Слободен печат

Ирина Шајк не можеше да си ја закопча сукњата, па ѕирна задникот! (ФОТО)

Васко Спасоски

Како да препознаете дека на вашето тело му недостига магнезиум? Минералот кој е важен за виталните функции!

Слободен Печат

Погледнете зошто путерот од кикирики може да ви помогне полесно да заспиете!

Слободен Печат

Малку жени би имале храброст да го облечат ова: Погледнете како се појави Карлеуша на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ (ФОТО)

Васко Спасоски

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Страста на жената во овој хороскопски знак привлекува многумина, но е тешка за сакање!

Слободен Печат

Филмскиот фестивал во Кан ќе се одржи во мини, симболично издание!

Слободен Печат

Кајли Џенер ужива во есента: Најмладата милијардерка го дочека новото годишно време во бикини кое едвај ѝ ги задржа градите! (ФОТО)

Слободен Печат

Морничавиот проект на Нетфликс: Што би направиле за само малку слава? (ВИДЕО)

Слободен печат

Ѕвездата од серијата „The Witcher“ сака да биде новиот Бонд: Дали Хенри Кавил е вистинскиот избор за агентот 007?

Слободен печат

Овој чај експресно помага во отстранување на болката во грлото и кашлањето!

Слободен Печат