Дали е добро или не децата да носат маски?

Дали е добро или не децата да носат маски, од која возраст тие се задолжителни, колку можат да сметаат во процесот на учење – се само некои од сомнежите што деновиве ги мачат родителите.

Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за деца на ОН (УНИЦЕФ) не препорачуваа децата на возраст меѓу 6 и 11 години да носат маски.

Од 12-тата година, тоа треба да биде задолжително, како и за возрасните, особено кога децата влегуваат во толпа и поминуваат време со многу луѓе во затворен простор, наведоа здравствените служби и агенциите за правата на децата на ОН.

Многу стручњаци, меѓутоа, предупредуваат дека во некои ситуации маските можат да пречат во процесот на учењето и негативно да се одразат на важните училишни активности, за што исто така мора да се размислува.

Повеќето се согласни дека барем помалите деца не треба да бидат обврзани на тоа, бидејќи не умеат сами да ги ставаат и да ги вадат маските на правилен начин. Освен тоа, повеќето експерти тврдат дека тие и не се преносители на вирусот.

Од друга страна, неодамнешната студија на Педијатриската болница за инфективни болести во Чикаго покажала дека токму децата под петгодишна возраст имаат меѓу 10 и 100 пати повеќе генетски материјал на коронавирусот отколку постарите деца и возрасните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот