Дали е Брисел новото европско жариште?

Дневниот просек на новозаразени со вирусот ковид-19 во последната една недела во Брисел изнесува 2.305, односно 340 инфицирани на 100.000 жители, пренесува Вијести.ме.

Станува збор за пораст од 460 инфицирани на ден во однос на средината на септември со што Брисел е најголемо жариште на епидемијата во Белгија.

Цела Белгија заради драстичниот пораст на новозаразени минатата недела е ставена во „црвената“ зона на ЕУ ковид-19 мапата со предупредување за „висок ризик“ од зараза.

Истовремено, Советот за државна безбедност одлучи од 1 октомври да ги намали постоечките рестриктивни мерки така што Белгијците веќе нема да мораат да носат маски насекаде, а траењето на задолжителниот карантин од 14 дена се намали на 7 во случај на негативен тест.

Прочитајте и...  Пораст на бројот на новозаразени во регионот, Хрватска рекордер со речиси 2.250

Белгиските државни власти таквите мерки ги образложуваат со потребата на воведување на стратегија која ќе биде „одржлива на долг период“, а која подразбира „што е можно повеќе нормализирање на постоечката ситуација“ и животите на граѓаните во состојба кога не се гледа крај на пандемијата. Од друга страна, властите во Брисел воведоа построги мерки од оние кои важат на државно ниво.

Граѓаните мораат да имаат заштитна маска со себе, која ќе мора да се носи доколку се наоѓаат во поголема група на улиците.

Работното време на баровите е скратено, забранети се собири на повеќе од 10 лица меѓу 23:00 и 06:00 часот, а сите продавници за храна и пијалоци мораат да бидат затворени до 22 часот.

Прочитајте и...  Мицкоски: Националната катастрофа со ковид-19 е последица на убиствената неспособност на Владата

Во Белгија од почетокот на епидемијата има вкупно 112.803 потврдени случаи на зараза со коронавирус.

Поврзани вести

Мицкоски: Националната катастрофа со ковид-19 е последица на убиствената неспособност на Владата

Слободен печат

Ковачев: Наместо „бугарски фашистички окупатор“, на спомен плочите да пишува „германски нацистички окупатор“

Слободен печат

Филипче: Состојбата со коронавирусот е критична, притисокот врз болниците е огромен

Слободен печат

Аеродром, Карпош и Центар имаат најмногу случаи на коронавирус во Скопје

Слободен печат

Подгорица ново жариште на коронавирусот: 168 новозаразени во Црна Гора, 112 се од главниот град

Слободен печат

ВИДЕО: Шефот на кабинетот на Трамп – „Нема да ја контролираме пандемијата, ќе има вакцина“

Слободен печат

Остави Коментар