Дали е безбедно да се дружите со пријателите кои не се вакцинирани: Експертите објаснија што треба да направите

скопје луѓе ресторани кафичи угосители кафани
Бизнис конфедерација на Македонија (БКМ), започна со дигитализација на своето работење преку основање на /за бизнис поддршка на компаниите/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Многу вакцинирани граѓани не се начисто околу дружењето со пријатели, кои поради некоја причина, одбиваат да се вакцинираат. Одговорот може да лежи и во вашето општо здравје и во здравјето на луѓето што ве опкружуваат.

Ако сте целосно вакцинирани, повеќето интеракции за вас не претставуваат ризик, но треба да знаете дали луѓето со кои се дружите се вакцинирани, за дружењето да се одвива без ризик , објаснуваат стручњаците, а тоа може да значи дека мора да ставите маска кога влегувате во затворени простории, а на отворено сте
безбедни.

маска
Фото: Profimedia

Меган Л.Рени, професорка по итна медицина, смета дека таа во тој случај би се дружела само на отворени простори или со маска, бидејќи иако вакцините делуваат, таа не би сакала да ризикува и да се зарази.
Дали треба да носите маска кога сте во друштво на пријатели кои не се вакцинирани?

Експертите ширум светот велат дека е во ред да продолжите со старите активности откако сте се вакцинирале без маска или физичка дистанца, а сето тоа затоа што се покажало дека вакцините доволно штитат од болести.

– Во најдобар случај, тие се 95 отсто делотворни за да нѐ спасат од болница, а исто така се намалува ризикот од инфекција, но и ризикот од пренесување на вирусот на некој друг – објаснил д-р Шафнер, инфектолог.

Вакцините се дизајнирани за да го спречат одењето во болница и смртните исходи. Па, иако вакцините одлично ја исполнуваат својата намена, тие не се совршени па понекогаш сепак е потребно да се преземат одредени мерки на заштита.

пријатели корона
Фото: Profimedia

Вакцинирани сте, но имунитетот ви е загрозен?

Ако сте се вакцинирале, но имунолошкиот систем ви е слаб поради одредени лекови или медицински состојби коишто веќе ги имате – експертите ве советуваат да бидете внимателни и да носите маска во затворен простор сѐ додека вашиот лекар не ве советува поинаку. Иако вакцината исто така ќе ги намали шансите вирусот да се пренесе на друга личност, луѓето кои имаат послаб имунитет можеби не се доволно заштитени дури и ако се целосно вакцинирани. Значи, ако сметате дека вашиот имунолошки систем е загрозен и не сакате да се изложувате на ризик, секако носете маска.

Вакцината е одлична работа, но поради неа не се претворате во Супермен. Со оглед на новите варијанти на вирусот што нѐ опкружуваат, во некои ситуации е потребна и дополнителна претпазливост, велат експертите.

заштитна маска
Фото: Profimedia

Дали смеете да се вакцинирате ако сте имунокомпромитирани?

Луѓето со имунокомпромитирачки состојби или оние кои земаат имуносупресивни лекови може да бидат изложени на зголемен ризик од развој на тешки форми на болеста ковид-19 и нејзините компликации, па затоа се препорачува вакцинација доколку немаат контраиндикација за вакцинација. Меѓутоа, важно е да се истакне дека постои можност за намален имунолошки одговор, т.е. можност кај имунокомпромитираните лица делотворноста на вакцината да биде помала отколку кај имунокомпетентните лица (лицата со имунолошки систем кој уредно функционира).

За оптималното време на вакцинирање против ковид-19 консултирајте се со вашиот матичен лекар, односно со лекар специјалист, кој има сеопфатен увид во вашата здравствена состојба, тековна терапија и досегашно лекување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот