Дали Џејмс Бонд треба да го глуми жена? Даниел Крег не мисли така

Фото: Profimedia

Даниел Крег ќе ја предаде својата „дозвола за убивање“ по неговиот петти Џејмс Бонд филм „No Time to Die“ кој во кино салите ќе биде промовиран на 8 октомври. Прашањето кое се поставува – кој и каков ќе биде следниот 007?

Шпекулациите за тоа кој ќе биде новиот Бонд ја разгори фантазијата на фановите, кои започнаа да даваат бројни предлози за кој да го наследи Крег и се сè поубедени дека 007 треба да ја рефлектира различноста на модерниот свет и што акциските херои треба да претставуваат.

Актуелниот Џејмс Бонд, Даниел Крег, излезе со свое размислување на идејата, и тој не смета дека Бонд треба да премине во женска улога. Но, иако тој не мисли дека по неговите стапки треба да следи жена, тој сепак мисли дека на жените и луѓето со поинаков тен треба да им се нудат повеќе улоги од тој тип.

„Одговорот не е толку едноставен. Едноставно треба да има подобри улоги за жени и актери со поинаков тен. Зошто жена треба да го глуми Бонд кога треба да постои улога која е подеднакво добра како Џејмс Бонд, но за жена?“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Bond 007 (@007)

Иако Џејмс Бонд останува да биде машка улога, најновиот Бонд „No Time to Die“ вклучи повеќе жени во неговата реализација, како пред така и зад камерата. Една од најсилните гласини е всушност дека актерката која ја глуми главната „Бонд девојка“ во овој филм, Лашана Линч, ќе може да се види во насловната улога на следниот филм за 007.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by James Bond 007 (@007)

Следната година се навршуваат 60 години од излегувањето на првиот Бонд филм „Dr. No“, а овогодинешниот филм ќе биде 25-тиот од Бонд изданијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот