„ДАЛИ БОГ Е ЖЕНА?“ – Го замолив Господ да ми подари еден пар неискинати чевли…

профимедиа

Десетгодишно момче стоело на улица пред излогот на продавницата за чевли. Од целосно валканите и искинати патики кои ги имал на себе се гледале босите и валкани прсти. Било ладно, а тој се тресел.

Му пришла една жена кај која детето забележало ланче со крст околу вратот.

„Во што гледаш со толкав интерес, мал пријателу?“, го запрашала таа.

„Го замолив Господ да ми подари барем еден пар неискинати чевли, па се прашувам дали можеби некои од овие се за мене“, тажно одговорило момчето.

Жената го фатила за раката и го внела во продавницата. Ја замолила продавачката да и донесе шест пара детски чорапи и едни чевли, како и малку вода и хартија.

Кога продавачката донела се, жената го седнала детето, му ги соблекла уништените патики, му ги избришала малите, ладни стапала и му облекла нови чорапи. Потоа му ги облекла и новите чевли, а преостанатите чорапи му ги спакувала и му ги подарила.

„Сега е малку подобро, зарем не?“ го запрашала таа. Момчето ја фатило за рака и зачудено ја прашало?

„ДАЛИ БОГ Е ЖЕНА?“, гледајќи ја со солзи во очите.

„Не, само мислам дека верата без дела не значи ништо“, кратко одговорила таа го погалила и заминала.

Направете и вие добро дело некому!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот