Дали би платиле 1,5 милиони долари за маска за лице? Бело злато од 18 карати и 3.600 бели и црни дијаманти!

Израелската компанија „Yvel“ која се занимава со изработка на накит, работи на изработка на маска која ќе биде, како што велат, најскапата маска против коронавирусот во светот.

принтскрин

Направена е од бело злато од 18 карати, а ќе биде украсена со 3.600 бели и црни дијаманти и чини 1,5 милиони долари.

Исак Леви, сопственик на компанијата „Yvel“

Купувачот, кој е веќе познат, имал уште две барања – да биде готова до крајот на годината и да биде најскапата маска на светот.

Последниот услов, како што рекол сопственикот на компанијата, бил најлесен да се исполни.

Тој одбил да го идентификува купувачот, но рекол дека се работи за кинески бизнисмен кој живее во Соединетите Американски Држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот