Дали би го пробале ова ултимативно капучино од злато? (ФОТО)

И додека Италија не освојува со своето традиционално кафе, Дубаи, односно хотелот Бурж Ал Араб, оди еден чекор панатаму и ни нуди кафе со злато.

Сахн Едар лоби барот, сместен во внатрешноста на овој магичен хотел, служи „Ultimate Gold Cappuccino”, кое е декорирано со снегулки од 24 каратно злато.

Луксузното капучино е направено од 100 проценти Арабика кафе и млечна пена која е помешана со злато. Дизајнот и обликот на едро на самиот врв од капучиното го комплетира овој пијалок, а едрото е декорирано со уште поголема доза на злато.

Кафето се служи во златен послужавник со златна лажичка и црно колаче направено од најквалитетното белгиско чоколадо.

Иако не е познато колкава количина на злато се троши за подготовката на ова капучино, неговата цена изнесува 23 долари, што за ваков специјалитет, воопшто не е многу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот