Дали би го препознале? Погледнете како изгледал Игор Џамбазов на неговата матурска вечер (ФОТО)

игор џамбазов
Игор Џамбазов / Фото: Instagram

Матурската забава е нешто кое се помни цел живот. Важен момент беше и да се пристигне со партнер/ка на забавата и секако, да се лудува цела ноќ.

Но, дали можете да погодите кој е овој млад дечко на фотографијата, кој важи за најпознатиот шоумен во Македонија?

Фото: Инстаграм/Игор Џамбазов

За сите оние кои не можат да го препознаат, тоа е нашиот познат македонски глумец, забавувач, ТВ-водител, музичар, писател, режисер на музички спотови и текстописец – Игор Џамбазов.

Утринава на својот инстаграм-профил, Џамбазов се присети на старите времиња и сподели фотографија од неговата матурска вечер со неговата партнерка Анче.

На матурска, 1981, со мојата партнерка Маринова Анче…еј ти младост моја, куќо недокуќена, напиша Игор под фотографијата и доби позитивни коментари дека одлично изгледал тогаш, но и сега.

Игор Џамбазов со неговата девојка, планинарката Илина Арсова / Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот