Дали асертивната комуникација е клучот за квалитетни меѓусебни односи?

pixabay
Стари лица / Фото: Слободен печат - Архива

Постојано се соочуваме со предизвици, понекогаш се обидуваме да ги решиме, понекогаш се преправаме дека не постојат. Секако, се чини дека најдоброто решение се крие во искреноста, во зборувањето отворено, јасно и гласно за своите чувства.

Барем така ни велат експертите, кои се согласија за една работа – асертивната комуникација е важна во воспоставување квалитетни меѓусебни односи со луѓето генерално.

Клучот е балансот, се разбира. Иако е многу полесно да се каже отколку да се примени во пракса, сепак можете да се обидете да си го поедноставите животот.

Во областа на психологијата, асертивната комуникација е многу важен аспект, пред сè поради нејзината ефикасност во меѓучовечките односи. Вклучува јасна и искрена експерсија на вашите верувања, потреби и емоции. Сфатете го тоа како средина помеѓу пасивната и агресивната комуникација.

Кога комуницирате асертивно, вие ги споделувате своите мислења без да ги осудувате другите за нивните размисли. Вие се залагате за себе кога е потребно, и тоа го правите со учтивост и внимание бидејќи асертивноста вклучува да ги почитувате вашите сопствени идеи, но и идеите на другите.

Овој стил на комуникација е прилично корисен за заедничко решавање на конфликти.

Без разлика дали имате значителен „проблем“ за кој сакате да разговарате со вашиот партнер или едноставно сакате да му дадете до знаење на некој соработник дека не можете да му помогнете за некој проблем – комуникациската асертивност ви овозможува продуктивно да ги искажете вашите потреби, а воедно и да работите со другата личност за пронаоѓање на најдоброто решение.

Дали вреди да вложите напор?

Иако асертивната комуникација честопати „троши“ повеќе време и размислување отколку пасивната или агресивната комуникација, на крај дополнителниот напор вреди.

Комуницирајќи асертивно, вие можете јасно да ги изразите емоциите и да ги поставите своите граници во било која релација. Создавањето граници ќе ви помогне да одржувате контрола во потенцијално предизвикувачки ситуации и да ги намалите чувствата на незадоволство и фрустрација.

Ако искреноста е ваша карактеристика, тогаш асертивната комуникација е патото по кој треба да се движите. Луѓето најверојатно ќе ви веруваат кога ќе знаат дека секогаш давате отворени и директни одговори.

Пасивната комуникација честопати доведува до „мали лаги“. Можеби вие не лажете директно, но намерната „нејасност“ сепак може да предизвика одредена штета.

Ако ја заобиколувате вистината и избегнувате да ги споделите вашите мислења, луѓето може да добијат чувство дека нешто криете. Агресивната комуникација, може да ги „исплаши“ или „отуѓи“ другите, што исто така може да ја наруши довербата.

Но, доколку бидете искрени можете да направите „чуда“ за вашата самодоверба и да го зголемите задоволството во вашите односи. Кога се чувствувате пријатно, веројатно ќе развиете односи со луѓе кои ќе ги почитуваат вашите потреби, слободно изразувајќи ги сопствените чувства.

Сепак, ништо од ова не доаѓа природно или само од себе. Постојат техники кои можат да ви помогнат да се ставите во преден план едноставно научете да ги препознавате сопствените чувства, зборувајте за работите што ги сакате, бидете специфични, обрнете внимание на говорот на телото и не заборавајте постојано да ги прашувате другите како се чувствуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот