Дали Албанија ќе оди на предвремени избори доколку не се отворат преговорите? Еве што вели Еди Рама

EPA-EFE/FILIP SINGER

Албанскиот премиер Еди Рама ги отфрли гласините за можни предвремени избори во Албанија, доколку не бидат отворени преговорите.

Првиот човек на албанската владата за „Open“ изјави дека не само што нема да има предвремени избори, туку неговата владата ќе ја продолжи работата доколку денеска ЕС каже „не” за отворањето на преговорите за ЕУ.

– Ние не само што нема да одиме на предвремени избори, туку ќе ја продолжиме нашата работа. Утре сонцето ќе изгрее повторно. Албанија нема зошто да оди на предвремени избори затоа што Албанија направи се за овој процес. Доколку предвремените избори би го решиле проблемот меѓу Франција и Германија ќе размислував сериозно – изјавил Рама, пренесува Балканвеб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот