Дали 1 Мај ќе го поминеме во карантин? Еве што кажа министерот Филипче

Владата, зависно од однесувањето на граѓаните деновиве, ќе донесе одлука дали празникот 1 Мај ќе го поминеме во карантин.

– Видовме слики од овие изминати денови од граѓани кои навистина ги почитуваат мерките, но има и голем број граѓани кои не ги почитуваат овие мерки. Мерката на разлабавување на полицискиот час ја донесовме заедно со мерката за задолжително носење заштитина опрема. Ако овие мерки не се почитуваат ќе имаме несакан ефект. Ќе го следиме однесувањето на граѓаните и ќе донесеме одлука какви мерки ќе преземеме за следниот викенд – соопшти министерот Филипче на денешната прес конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот