Далас го шокира лидерот, историски пресврт на Хјустон (ВИДЕО)

twiter/Houston Rockets

Далас маверикс е автор на едно од најголемите изненадувања во досегашниот дел од сезоната. Без својот најдобар играч Лука Дончиќ, Далас успеа да го победи најдобриот тим во Источната конференција, Милвоки бакс на кого му ја прекинаа серијата од 18 победи по ред. Кристапс Порзингис и Сет Кари постигнаа по 26 поени и го шокираа Милвоки чии кошаркари како да беа со мислите насочени кон дербито со ЛА Лејкерс кое го играат за два дена.

Јанис Адетокумпо постигна дури 48 поени, но немаше доволно расположени соиграчи за пресврт.
Интересно е што и двете екипи упатија по 41 шут за три поени, но постигнаа само 16 (Далас), додека Милвоки уфрли само 11 тројки.

Дербито на Тексас му припадна на Хјустон кој притоа успеа да надомести негатива од дури 25 поени, што е најголемо враќање во историјата на клубот. На крајот Хјустон славеше со 109:107 против Сан Антонио, а претходниот најголем кам-бек беше од 1977 година кога „ракетите“ надоместија 23 поени негатива.
Невообичаено, најдобар стрелец кај Хјустон беше Расел Вестбрук со 31 поен, додека Џејмс Харден даде 28 поени.

Резултати: Феникс – Портланд 110:111
Мемфис – Мајами 1118:111
Оклахома – Чикаго 109:106
Милвоки – Далас 116:120
Хјустон – Сан Антонио 109:107
Торонто – Кливленд 133:113
Детроит – Вашингтон 119:133

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот