Tибетскиот будистички духовен лидер, Далај Лама, предизвика контроверзи во јавноста со изјавата дека ако неговиот наследник е жена, „таа треба да биде убава“.
„Ако наследникот е жена, тогаш таа треба да биде убава“, гласи изјавата на Лама која предизвика мноштво негативни реакции
– Ако не е физички атрактивна, луѓето едноставно нема да го гледаат тоа лице – изјави религиозниот поглавар за Би-Би-Си.
Овие негови погледи предизвикаа лавина негативни реакции, главно меѓу твитерџиите, кои во голем дел ја оценија изјавата како сексистичка и го обвинија за сексизам.